КУЧЕТО СКИТНИК ОД ШТИП КОЕ ЈА ИЗЕЛО ХРАНАТА ЗА ЗАДУШНИЦА СТАНА ХИТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ - но дали ситуацијата е за шега или сериозен проблем на македонските градови
Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2022 10:39
Мајка и син од Штип биле преплашени од куче скитник.
Како што тие изјавија за штипската телевизија Стар, кучето прво ја изело сета храна која ја оставиле на гробот за Задушница, а потоа влегло во нивниот автомобил и таму си лежело околу 40 минути. Мајката и синот биле преплашени од големото куче и чекале тоа самото да излезе од колата за да можат да си одат дома.
Овој прилог на ТВ Стар наиде на потсмев кај некои од љубителите на животни во земјава, па беше споделуван дури и на шега по социјалните мрежи.
Но, дали само хумористичната страна е онаа низ чии аспект треба да се гледаат ваквите случувања, или треба да се земе предвид и фактот дека кучињата скитници се голем проблем низ сите градови во земјава.
Во билтените на МВР буквално секојдневно се известува за граѓани кои се каснати од кучиња скитници.
За волја на вистината, ниту претходните, ниту сегашните градски власти не најдоа солуција за овој проблем.
Во ниту една држава во светот низ градските улици и паркови не шетаат толку кучиња скитници, кои често се агресивни, лаат и ги напаѓаат граѓаните.
Инаку, кучето скитник на градските гробишта се всели во автомобил на штипјани и 45 минути не дозволуваше пристап
Огромно куче скитник утринава од гробот ја изело храната наменета за раздавање и тоа во присуство на ожалостеното семејство. Откако кучето ги преплашило присутните мајка и син, а тие тргнале кон возилото скитникот им приредил уште еден шок...
„Јас сакав да седнам во колата, а тоа влезе, ме бутна и легна на задните седишта, опашот му висеше надвор. Чекавме околу 40 минути да излезе од колата за да си одиме“, рече жената за телевизијата Стар“, која ја објави приказната.
Мајката апелира градските власти да поведат сметка за кучињата скитници, за да не дојде до полоша случка.
„Да се поведе сметка да не дојде до нешто лошо, бадијала е кога ќе ме изеде или повреди, бадијала е после да трчаме. Сега нека си поведат сметка“, вели жената.
Надклежно за редот и безбедноста на градските гробишта во Штип е Јавното препријатие „Исар“, но тие за ТВ Стар изјавиле дека кучињата скитници не влегуваат во нивните ингеренции.
Можеби ќе ве интересира
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“




