Кумановка избегала во Ирак и пристапила кон Исламска држава
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2015
Осумнаесет годишна девојка од Куманово пристапила на организацијата Исламска држава и отишла во Ирак.
Медиумите пренесуваат дека девојката чии иницијали се З.К. отпатувала во Ирак, каде , најверојатно се омажила.
Таа избегала пред неколку месеци,а нејзиниот татко Африм Кадриу рекол дека е подготвен да направи се што е можно само да ја врати ќерка си дома.
Избеганата девојка рекла во разговорите со семејството дека е во Ирак и дека таму се чуствува безбедно.
Таа била и во контакт со другарки од Косово, за кои се претпоставува дека се регрутирани во исто време, рекле членови на семејствата.