Квалитетот на Вива соковите во центар на внимание на саемот „PLMA World of Private Label“ во Амстердам
Објавено во: Мои пари 25 Мај, 2016 11:01
Вива соковите предизвикаа голем интерес кај компаниите од прехранбениот сектор на еден од најпрестижните светски саеми „PLMA World of Private Label“ во Амстердам, Холандија каде учествуваат 2400 изложувачи.
„Високите стандарди што ги применуваме во производство и квалитетот што го создаваме беа препознаени од компаниите со кои што направивме одлична основа за соработка. Како резултат на овој саем влегуваме во конкретни договори за соработка со реномирани компании од целиот свет. Ова е доказ дека со вложување во најмодерна технологија во производството и иновативноста во создавање на нови производи, за соковите ВИВА се отворија нови пазари. Саемите се одличен начин за презентација и отвораат можности за развој на компанијата и пласирање на Вива соковите надвор од нашата држава“, изјави Ристо Јосифовски, комерцијален директор на Вивакс.
Нашиот најголем производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци Вивакс со познатиот бренд Вива е единствениот македонски претставник од оваа индустрија. Во текот на саемските денови Вивакс го претстави целиот свој асортиман, а презентираниот квалитет како и атрактивниот дизајн на „ВИВА“ соковите го привлекоа вниманието на голем број од посетителите.
Саемот PLMA World of Private Label има триесетгодишно реноме на саем што ги поврзува трговците со производителите на приватни марки при пронаоѓање нови производи, нови контакти и откривање на нови идеи.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив







