Ладен шок: За викенд голема промена на времето, еве како да се подготвите
Објавено во: Македонија 18 Април, 2015
Сабота е последниот ден од серијата сончеви и топли денови.
Во текот на денот облачноста постепено ќе се зголемува, а попладне во северната половина од земјата ќе се создадат услови за краткотрајна нестабилност, проследена со локален дожд. Ветерот во текот на денот ќе биде умерен и ќе дува од запад. Навечер северниот ветер ќе го наговести наглото заладување, пишува метеопро.
Вардарскиот регион очекува максимална дневна темпаратура во дијапазонот од 25°С до 28°С. Во поголем дел од населените места низ земјава максималната ќе има вредност околу 25°С.
Во Скопје наутро и претпладне ќе биде попријатно и посончево. Наоблачувањето ќе биде изразено попладне, кога ќе има и услови за краткотрајна нестабилност. Навечер се очекува претежно облачно време, а ќе дува северен ветер. Највисоката дневна темературата ќе има вредност до 26°С.
Во недела нааутро облачно долж западна трансверзала. Можно е во овој регион сосема „ситно“ да проросува. Останатите региони со умерена облачност. Облачноста постепено ќе се зголемува во текот на денот, но со тоа нема да пораснат шансите за врнежи. Напротив, тие ќе бидат релативно мали. Се очекува осетна температурана разлика во однос на сабота.