ЛАВРОВ: Падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се должи на неговата неспособност
Објавено во: Свет 30 Декември, 2024
Башар ал-Асад не успеа да ги исполни основните потреби на народот, вели рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Лавров изјави дека падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се должи на неговата неспособност да ги исполни основните потреби на народот и да постигне компромис со бунтовничките групи.
Тој тврди дека и САД имале деструктивната улога во ситуацијата, додавајќи дека надежите на сирискиот народ за подобар живот по успешната борба против меѓународниот тероризам не се реализирале.
„Сега руската страна „будно го следи развојот на ситуацијата во Сирија, но рано е да се извлечат далекусежни заклучоци за настаните што се случуваат таму“, изјави Лавров.
На почетокот на месецов, бунтовниците во Сирија го соборија режимот на Асад и тој избега во Русија, каде добил азил.
Новиот сириски лидер Ахмад ал Шарех вечерва ја повика идната администрација на американскиот претседател Доналд Трамп да ги укине санкциите наметнати од САД кон Сирија за време на поранешната влада на претседателот Башар ал Асад.Откако го соборија режимот на Асад, Сиријците славеа на улиците. Во Сирија имаше граѓанска војна. По падот на Асад, Сиријците кои престојуваа во Турција и Либан се упатија дома во татковината.