21 Октомври, 2024
0.0382

ПРОДАВАЧКИ НА БИЛЕТИ НА ЈСП И СМЕТКОВОДИТЕЛКА ГО ОШТЕТИЛЕ ПРЕТПРИЈАТИЕТО ЗА 380.000 ЕВРА: Поднесено обвинение против трите

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица кои ги товари за продолжено кривично дело – Проневера во службата според член 354 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Трите соизвршителки, во временскиот период од 01.12.2018 година до 05.08.2021 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики. Тие заеднички, како одговорни лица вработени во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, со намера да прибават за себе противправна имотна корист, присвоиле пари доверени во службата во вкупен износ од 23.133.245 денари, што претставува значителна имотна корист.

Две од обвинетите, продавачки на билети на продажните места – билетарници „Зелен пазар“ и ГТЦ уплаќале помалку парични средства наплатени во готово, додека третата обвинета, самостоен референт-сметководител во Одделение за сметководство-Сектор за финансиско работење  во ЈСП, иако знаела дека паричните средства не се уплатени и раздолжени, сметководствено вршела докнижувања, прекнижувања, исправки и други книговодствени дејствија без документација, за да може сметководствено да ги оправда и покрие неуплатените готови пари од дневниот пазар.

Јавниот обвинител, со поднесување на обвинителниот акт, предложи и определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетите да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија доби „заштитена соба“ која ќе помогне и во надзорот над тајните служби

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија доби „заштитена соба“ која ќе помогне и во надзорот над тајните служби

МИЦКОСКИ: Ако Преспaнскиот договор беше „ремек-дело“ на европската дипломатија, зошто не го повториме за вештачкиот спор со Бугарија

МИЦКОСКИ: Ако Преспaнскиот договор беше „ремек-дело“ на европската дипломатија, зошто не го повториме за вештачкиот спор со Бугарија

ЗА КАСАМИ ОВА Е ТЕНДЕНЦИОЗНО: Непознати лица синоќа го оштетиле шестоседот на Попова Шапка

ЗА КАСАМИ ОВА Е ТЕНДЕНЦИОЗНО: Непознати лица синоќа го оштетиле шестоседот на Попова Шапка

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе мало гратче

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе мало гратче

ВО СОСТАВ НА СОБРАНИЕТО: Македонија доби „заштитена соба“

ВО СОСТАВ НА СОБРАНИЕТО: Македонија доби „заштитена соба“

МУРТЕЗАНИ: Сакаме да обезбедиме гаранции за отпочнување, но и завршување на ЕУ интеграцијата

МУРТЕЗАНИ: Сакаме да обезбедиме гаранции за отпочнување, но и завршување на ЕУ интеграцијата

„ЛАЖНИТЕ ТВРДЕЊА ЗА ПРИТИСОЦИ ПОЧНАА ВЕДНАШ ПО КОНТРОЛАТА“: Коцевски тврди „вршам надзор поради информации кои укажуваат на нестручно работење“

„ЛАЖНИТЕ ТВРДЕЊА ЗА ПРИТИСОЦИ ПОЧНАА ВЕДНАШ ПО КОНТРОЛАТА“: Коцевски тврди „вршам надзор поради информации кои укажуваат на нестручно работење“

„ОТВОРЕНО Е ПРАШАЊЕТО ДАЛИ ХРИСТОВСКИ ИМА 5 ГОДИНИ НА РАКОВОДНИ ПОЗИЦИИ“: СДСМ бара да се назначи нов директор на АНБ

„ОТВОРЕНО Е ПРАШАЊЕТО ДАЛИ ХРИСТОВСКИ ИМА 5 ГОДИНИ НА РАКОВОДНИ ПОЗИЦИИ“: СДСМ бара да се назначи нов директор на АНБ

ЗИМАТА ДОАЃА НА КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ И СО СЕБЕ НОСИ СНЕГ: Еве што велат прогностичките модели

ЗИМАТА ДОАЃА НА КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ И СО СЕБЕ НОСИ СНЕГ: Еве што велат прогностичките модели