26 Октомври, 2024
0.0285

ВО СОСТАВ НА СОБРАНИЕТО: Македонија доби „заштитена соба“

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Државата доби „заштитена соба“ која ќе помогне и во надзорот над тајните служби. 

Тоа е специјална просторија обезбедена од надворешни упади и обиди за прислушување, како и од можност за протекување на доверливи информации. По 7 години од иницијалниот договор дека има потреба од ваква соба, таа конечно е завршена и пуштена во употреба.

Се работи за просторија, во состав на зградата на Собранието, градена по посебни стандарди и безбедносни протоколи. Владејачкото мнозинство и опозицијата, и во претходниот состав, а и сега, за разлика од други случаи, соработуваа за успешно заокружување на проектот.

„Со заштитената соба се создаде безбедна атмосфера и простор каде ќе се ракува со класифицирани информации од највисок степен на доверливост без ризик од протекување на информации“, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

И Оливер Спасовски од СДСМ ја поздрави одлуката. 

„Заеднички да покажеме дека за нас најважно е колку повеќе ќе ги градиме демократски институциите во државата, а така ќе обезбедиме простор за јакнење на човековите слободи и права“, рече пратеникот од СДСМ Оливер Спасовски.

Целиот процес беше набљудуван, но и силно поддржан од меѓународната заедница.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЗЕЛС ќе посредува за надминување на конфликтот со градоначалниците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЗЕЛС ќе посредува за надминување на конфликтот со градоначалниците

И ЕПИДЕМИОЛОГОТ ДАНИЛОВСКИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ ГРИПОТ: „Се вакцинирав како припадник на генерацијата 65+„

И ЕПИДЕМИОЛОГОТ ДАНИЛОВСКИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ ГРИПОТ: „Се вакцинирав како припадник на генерацијата 65+„

ВМРО-НП: Уште еднаш бевме сведоци на невидено понижување на една држава која си ја прославува окупацијата

ВМРО-НП: Уште еднаш бевме сведоци на невидено понижување на една држава која си ја прославува окупацијата

ФИЛКОВ: Време е за освежување во Комисијата за помилување

ФИЛКОВ: Време е за освежување во Комисијата за помилување

ЗАЈАС: Кучиња-скитници убиле 21 домашно животно

ЗАЈАС: Кучиња-скитници убиле 21 домашно животно

„ЗЕЛС Е ОБИЧЕН ПАРТИСКИ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ“: Јакимовски вели „нема никаква врска со развојот на локалната самоуправа“

„ЗЕЛС Е ОБИЧЕН ПАРТИСКИ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ“: Јакимовски вели „нема никаква врска со развојот на локалната самоуправа“

Обвинение против Национален парк Пелистер и директорот, исечени и продадени 109 дрвја без дозвола

Обвинение против Национален парк Пелистер и директорот, исечени и продадени 109 дрвја без дозвола

КРИСТАЛНО ЈАСНА Е ПОРАКАТА, ВИЕ СТЕ СЕ ЗАЛОЖИЛЕ ДА ГО СМЕНИТЕ УСТАВОТ: Ванковска кажа кој е приоритетот на ЕУ, а тоа не е Македонија

КРИСТАЛНО ЈАСНА Е ПОРАКАТА, ВИЕ СТЕ СЕ ЗАЛОЖИЛЕ ДА ГО СМЕНИТЕ УСТАВОТ: Ванковска кажа кој е приоритетот на ЕУ, а тоа не е Македонија

Град Скопје: Донираните автобуси „Соларис“ се за цела Македонија, Орце Ѓорѓиевски е недоветен

Град Скопје: Донираните автобуси „Соларис“ се за цела Македонија, Орце Ѓорѓиевски е недоветен