24 Јануари, 2025
0.0259

Legal Risk Management Conference 2014: Во Скопје ќе се соберат најеминентните правници од регионот!

Објавено во: Мои пари 07 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Најеминентитни правници од регионот ќе учествуваат на новата Skopje Legal Risk Management Conference 2014, која ќе се одржи во Хотел Александар Палас на 21 и 22.октомври 2014 година. Предавачите, програмата и заинтересираноста на учесниците од Македонија и регионот за овој настан, ја сместуваат оваа конференција во редот на најзначајни настани во регионот за оваа година.

Меѓу предавачите на конференцијата се: реномираниот и еден од најпознатите адвокати на просторите на поранешна Југославија – адвокатот Тома Фила од Белград на конференцијата ќе зборува за специфичностите на постапките пред специјалните судови или одделенија, канадскиот директор на сектор за управување со правни ризици и државен секретар во Министерството за правда на Канада - Patrick Vézina ќе зборува за имлементацијата на стратегиите и методите за управување со правните ризици во државните институции и за најзначајните светски искуства во управувањето со правните ризици, Magnus Steen, поранешниот главен правник на Сони во Шведска ќе зборува за извонредноста на договорите, главната акционерка на Prva Group од Словенија -  Аленка Жнидаршиќ Крањц за нејзината улога на пазарот на пензиските фондови во земјите од регионот, еден од најистакнатите стручњаци во Европа за договорни ризици и нивна визуелизација во електронски апликации – универзитетскиот професор д-р Tobias Mahler од Осло ќе зборува за своето искуство во управувањето и визуелизацијата на договорните ризици, oперативниот директор на ОNE Теlekom Slovenia Group – д-р Звонко Кремљак ќе зборува за донесување одлуки во ризично опкружување, чуј дел докторски труд е цитиран во повеќе од 400 стручни трудови во светот, еминентниот италијански правник и директор на правниот сектор во италијанскиот енергетски гигант Edison Spa – Marco Lorefice зборува за успешната арбитражна постапка која ја промени светската пракса за одредување на цената на природниот гас, лондонскиот адвокат со импресивно искуство во делот на управување со правни ризици - Matthew Whalley од Berwin Leighton Paisner зборува за петте столба на управување со правни ризици на системски начин, универзитетскиот професор д-р Димитар Гелев ќе говори за договорите за партнерство во Македонија, младата извонредна адвокатка Ирина Тричковска од бриселската канцеларија на White & Case ќе зборува за своето искуство во анти-моноплската пракса во Брисел, најдобриот косовски корпоративен адвокат – Dastid Pallaska ќе има презентација за клучните делови на договорите за купување на акции при преземање на акционерско друштво, за на крајот адвокатката чија што специјалност се меѓународните арбитражи и деловното право - Vanessa Alarcon Duvanel од женевската канцеларија на Winston & Strawn да има презентација за управување со ризиците во договорите за франшиза. На учесниците преку видео линк, ќе им се обратат со свое предавање и Sandra Roberts и Celia Bernal, успешни адвокатки од САД и истакнати стручњаци за управување со правни ризици.

Интересот за третата регионална конференција секојдневно се зголемува. Во текот на изминатиот месец повеќе од 150 учесници го обезбедија своето учество на конференцијата, меѓу кои се: Макпетрол АД, Народна банка на Република Македонија, Империал тобако ТКС, Адвокатско друштво Поленак, НЛБ Пензиски фонд АД, Мермерен комбинат АД, Македонски телеком АД, Алкалоид АД, Триглав АД, Адвокатска канцеларија Мострова, Даути комерц АД, ЕЛЕМ АД, USAID’s Macedonia Judicial Strengthening Project, ТГС Технички гасови АД, ЈП Комуналец Неготино, Агенција за електронски комуникации, Seavus Group и многу други.

Цената за учество на конференцијата е 9.800,00 денари + 18% ДДВ; во цената е вклучено: акредитација за едно лице, аудио симултан предвод, кафе и освежителни пијалоци за време на паузите, ручек, материјали и сертификат за учество на конференцијата.

Резервирајте место уште денес и не ја пропуштајте можноста да бидете во центарот на правото во Јужна Европа.

Пријавувањето трае до 10.10.2014 год. – петок.

За сите информации и резервации, обратете се на: practicum@akademik.com.mk или на телефон: 02/3232-821; 02/3237-465

Можеби ќе ве интересира

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ