Летна роаминг промоција од Македонски Телеком
Објавено во: Мои пари 11 Јули, 2016 18:53
Македонски Телеком во пресрет на годишните одмори подготви уникатна летна роаминг промоција којашто на корисниците им овозможува опуштена и безгрижна комуникација во странство.
Сите нови и постојни приватни претплатници на Смарт постпејд тарифите, како и на Business L, XL и XXL тарифите, ова лето добиваат бесплатни 250 MB интернет и 50 минути во роаминг во 26 земји во Европа. Бесплатните минути се однесуваат на појдовни и дојдовни повици во роаминг.
Летната роаминг понуда започнува од денеска и ќе трае до 11 септември. Во промотивниот период, корисниците на Македонски Телеком можат слободно да патуваат во странство, без при тоа да се грижат дека е потребна посебна активација или дополнителни трошоци за роаминг услуги. Едноставно, со оваа понуда, корисниците се поврзани насекаде низ Европа.
По целосно искористување на промотивниот роаминг сообраќај, корисникот ќе добие пораки за искористените минути за разговор, како и за искористениот интернет сообраќај.
Повеќе информации за летната роаминг понуда, корисниците можат да најдат на веб страницата на Македонски Телеком, во Телеком продавниците или пак во Контакт центарот на 122.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




