Левица: Протест за слобода на Ламбе Алабаковски
Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2022 15:57
Згрозени од неоврховизмот на актуелната власт и министерот Оливер Спасовски, кој веднаш побара притвор за палењето на фашистичкиот клуб, Локалниот огранок на Левица во Битола повикува на протест за ослободување на Ламбе Алабаковски.
Протестот е закажан за утре, (СРЕДА 08.06.2022 година) пред Полициската Станица во Битола, во 18:00 часот.
- Бараме отфрлање на кривичната пријава поднесена против Ламбе Алабаковски. Бараме итно процесуирање на кривичната пријава на Левица против претседателот на клубот „Ванчо Михајлов”, поради излагање на подбив на македонскиот народ и предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа. Бараме Министерството за надворешни работи да врачи протестна нота на бугарскиот амбасадор во Република Македонија, поради континуирано негирање на македонскиот народ, кое кулминираше со отворањето на клуб во чест на крвникот на македонската кауза, Ванчо Михајлов. Ја повикуваме целокупната здраворазумна јавност, Битолчани и Битолчанки, кои се гордеат со антифашистичкото минато на градот на Стив Наумов, да покажат дека Битола е град на антифашизмот! - наведуваат од „Левица“ во соопштението.
Можеби ќе ве интересира
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје




