18 Декември, 2025
0.0521

Лилјана Георгиевска: Живееме катастрофално, најлошо е да си стечаец!

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2017 09:17

Добивај вести на Viber

Да се биде стечаец во Македонија е многу тешко. 

Стечајците едвај врзуваат крај со крај и се снаоѓаат како знаат и умеат. Лилјана Георгиевска од Куманово, претседателка на Здружението на стечајни работници УНИТ раскажува дека е стечаец од 2006 година, а претходно работела во ЗИК„Сточарство и преработка“. Признава дека се соочува со егзистенцијални проблеми, но излез засега нема за оваа категорија на луѓе.  Во изминатиот период се соочуваа со блокирање на сметки за неплатени долгови, а често и извршителите ќе има тропнат на врата. 

„Живеам со 6.000 денари кои маж ми ги зема како технолошки вишок, и со тие пари живееме, плаќаме сметки, купуваме лекови за сопругот кој е со два преживеани инфаркти и дијабетес, а тие пари ни се и за јадење и можете да замислите како преживуваме. Работа барав и барам, ама секаде каде молев ме одбија. Примаат луѓе партиски, и млади не можат да се вработат, а не пак ние“ - објаснува Георгиевска. 

Таа вели дека во иста положба се сите 1560 регистрирани стечајни работници колку што има евидентирано УНИТ.  Раскажува дека поради стресови, многу од стечајците веќе се со нарушено здравје, а голем дел и починале. 

„Катастрофално живеат стечајците и тоа завршува со мозочни и срцеви удари. Верувале или не, половина се починати, зборувам за оние на возраст од 53 до 58 години, од Куманово. За жал и на ниво на Македонија е иста состојбата. Сè да бидеш стечаец да не си. Јас кога одам да барам работа некаде, дури им е смешно. Сум разговарала во Центар за вработување да ни дадат предност за вработување кога ќе има пакет мерки за луѓе над 55 години. Сепак, помош ние кумановци имаме од нашата локална самоуправа во Куманово и од Советот, и веќе 5 година сме субвенционирани, не плаќаме сметки за вода и смет, и за превоз користиме 263 билети“ - вели Георгиевска. 

УНИТ зад себе овие години има многу протести во Скопје и во внатрешноста. Блокираа патишта за да алармираат дека им е потребна помош. Неколку пати од властите побараа обештетување до пензионирање или повторно вработување, но досега ова нивно барање не е исполнето. Нивна единствена надеж е дека можеби новата власт ќе има слух за нивните барања и ќе го реши нивниот статус. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје