Љубе Бошкоски се „врати“ во министерската канцеларија на МВР
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2016
Љубе Бошкоски од кој се очекува да ја рестартира политичката активност денес беше забележан во министерската канцеларија на Оливер Спасовски што е него прво враќање во МВР каде беше министер до 2002-ра година.
За средбата која траела еден час нема официјални изјави од двете страни, но секако тоа не пропуштија да го критикуваат провладините медиуми кои оценуваат дека Спасовски го користи седиштето на МВР како партиска канцеларија.
Со оглед на тоа дека официјални информации нема може само да се претпоставува дали Бошкоски му дал некој министерски совет на Спасовски.