23 Јануари, 2025
0.0315

Љубомир Костовски: Владее контролна параноја!

Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Сите непријатели на еден автократски режим можат да се сведат на една слика - тие се надвор од контролирано општество. Без комплетна контрола на медиумите таа цел секако е неостварлива, дури е главниот предуслов. Како автократски, актуелниот режим кај нас нема да престане да притиска на оние мал број слободни медиуми подеднакво и кон невладиниот сектор, тврдејќи дека сега тие се нивните тајни финанансиери. Така доаѓаме до актуелната контролна параноја на власта- вели за Фактор, новинарот Љубомир Костовски.

Според него очекувано е по нападот врз невладините организации да следи и  барањето од страна на ВМРО-ДПМНЕ за  десоросоизација на медиумите кои се критични кон партијата и начинот на кој владеат со Македонија. Оваа состојба како што вели има свои корени.

“Во 2008 година овој режим ги стави под свое сите извори на финансирање на медиумите преку ставање рака на рекламните агенции. Така, оние медиуми кои ги имаше веќе под контрола обилно ги наградуваше од државни фондови, а остатокот не само што не добиваше ништо од буџетот. Фирмите кои се обидуваа да рекламираат свои производи и услуги надвор од агенциите беа „наградувани“ со драстични финансиски контроли! Нема дилема дека и под притисок на власта надворешните финансиери со години се повлекуваа од можноста воопшто да се јават со средства, макар и најскромни, со кои би подржале весници, радија или телевизии кои биле протагонисти на демократски вредности. И како резултат на тие тенденции бројот на неконтролираните, независни медиуми постојано опаѓаше - власта секако не се одрекуваше од набедувањата за странците - финансиери, бидејќи свати дека таa нивна врева дава некој резултат!”- потенцира Костовски.

Автократијата  вели е производ на кризата на системот кој се случи во 2008 година, и ја загреа побарувачката за инстант лидерите. За почеток тие се испилуваат во Источна Европа, каде демократијата и онака има слаби корени. Неколкугодишната  појава на пораст на автократијата во светот  насекаде користи исти методи.

“Таа слика ги опфаќа Полска, Унгарија, Словачка, а следбеници има во Македонија, Србија, БиХ, Грција со т.н. лев популизам, како и Турција.Гледаме што се случува во САД со традиционалните либерални вредности, кинескиот претседател Ши Ѓианпнг зборува за „срж на лидерството“, што аналитичарите ги потсетува на маовата лексика, јапонскиот премиер Шинзо Абе промовира методи на „одлучно владеење“. Русија беше првата која го зачна прашањето за невладиниот сектор финансиран однадвор, значи ја протури тезата за „непријателска агресија“ а фати „маја“ секаде каде изворите на поддршка за невладините организации кои ќе се бават со јакнење на свеста за демократските вредности немаа своја внатрешна поткрепа! Тоа важи и за нас, пред се последните десеттина години”- објаснува Костовски.

Додека тој клуб на властодршците, кои се уште се препознатливи под терминот „друштво на силни водачи“, речиси има своја неформална „интернационала“, капацитетот на либералните сили, кои се залагаат за познатите демократски форми на владеење и правна држава, вели еродира и слабее, се чувствува несигурно и нема иницијатива.

Ад хок телото  во кое членуваше и Костовски како што вели беше времен механизам кој требаше да го совлада вградениот опортунизам кај ААВМУ и  да обезбеди равноправен пристап до медиумите на сите партии. Според него ова тело имаше „рок на траење“ и ограничен механизам (закана со поднесување на барање на прекршочна пријава) и не ни имаше можност да делува како „вакцина“. 20 прекршувања од 68 колку се констатирани од телото се забележени само во двата денови на предизборниот молк!

“Нападите од власта за време на работењето на Ад-хок телото лично од Груевски во два говори против „некои од членовите“ на масовни митинзи, констатацијата на Влатко Ѓорчев дека „разни ад хок тела биле против нивните медиуми, факели на слободата“, стотината прилози против ова Тело во самите медиуми за кои претходно се констатираше дека се само обични линкови на власта, укажа дека нечии интереси беа допрени во тие сто денови.Власта е инаку толку вградена во оние медиуми кои и се битни што со нив има директен линк и ништо не пропушта на случајноста или нечие дневно расположение: тие провлавладини медиуми не се ни сведени на функција на партиски папагали,туку се само обичен линк на централната канцеларија за информативна пропаганда на владеачката партија.Евентуално „индивидуализацијата“ се сведува на промена само на насловите, вратоврските на водителите или фризурите на водителките. Обично го немаме ниту тоа”- нагласува Костовски.

Дел од партиите според него немаат демократски капацитет и затоа доаѓа  помош од меѓународниот фактор. Таа помош единствено како што вели ни помогна да имаме некои мали исчекори од целосниот застој во општествениот развој, но станува недоволна заради долготрајноста и одбивањето на власта на таа помош во мигот кога се гледа дека се работи за надуена народна волја која стои зад неа.

„Стравот никогаш не е добар советник”, вели една германска поговорка, ама им помага на популистите да имаат успех на изборните натпревари. И во регионот и на континентот имаме ситуација на социјална несигурност, апатија, отуѓување, а за тие ситуации да се одржуваат потребно е стравовите да се намножуваат,  а да не се ослободуваме од нив. Само под услов власта да ја имаат некорумпирани партии и такви кои навистина сакаат да ги исправат демократските институции на нозе, ќе се создаде нормална атмосфера во земјава, а потребата надворешната помош ќе се намали”- завршува новинарот Љубомир Костовски. 

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Малолетничка тешко повредена во сообраќајна незгода во Скопје

Малолетничка тешко повредена во сообраќајна незгода во Скопје

„НА 42 ГОДИНИ, АПАСИЕВ ДИПЛОМИРАН, МАГИСТРИРАН, ДОКТОРИРАН, СТИГНАЛ ДА КУПИ КОЛА ОД 15-20 ИЛЈАДИ ЕВРА, ЗЛОБЕН НАРОД, НЕ ВОЗИ ФЕРАРИ“: Мухамеди на страната на лидерот на Левица

„НА 42 ГОДИНИ, АПАСИЕВ ДИПЛОМИРАН, МАГИСТРИРАН, ДОКТОРИРАН, СТИГНАЛ ДА КУПИ КОЛА ОД 15-20 ИЛЈАДИ ЕВРА, ЗЛОБЕН НАРОД, НЕ ВОЗИ ФЕРАРИ“: Мухамеди на страната на лидерот на Левица

ВАРИЧЕЛА ИЛИ ОВЧИТЕ СИПАНИЦИ, ШУГА И ЕНТЕРОКОЛИТИТЕ ДОМИНИРААТ ВО ДЕКЕМВРИ: Загрижувачки тренд на пораст на заразните болести во Македонија

ВАРИЧЕЛА ИЛИ ОВЧИТЕ СИПАНИЦИ, ШУГА И ЕНТЕРОКОЛИТИТЕ ДОМИНИРААТ ВО ДЕКЕМВРИ: Загрижувачки тренд на пораст на заразните болести во Македонија

ЗАПРЕ ПОСТАПКАТА ПРОТИВ ВЕЛЈАНОВСКИ, ЈАНАКИЕСКИ, РИСТОВСКИ И АТАНАСОВСКИ - Кривичен суд го уважи барањето за амнестија

ЗАПРЕ ПОСТАПКАТА ПРОТИВ ВЕЛЈАНОВСКИ, ЈАНАКИЕСКИ, РИСТОВСКИ И АТАНАСОВСКИ - Кривичен суд го уважи барањето за амнестија

ПАТУВАЊЕТО НА МИЦКОСКИ ЗА ВАШИНГТОН Е ПОЛН ПОГОДОК ОД СЕКОЈ ПОГЛЕД: „Видете ги реакциите од Бугарија кои позелена од фрустрации“ - став на новинарот Ризвановиќ

ПАТУВАЊЕТО НА МИЦКОСКИ ЗА ВАШИНГТОН Е ПОЛН ПОГОДОК ОД СЕКОЈ ПОГЛЕД: „Видете ги реакциите од Бугарија кои позелена од фрустрации“ - став на новинарот Ризвановиќ

„ВТОРА ШАНСА ЗА АЛЕКСАНДАР!“: потребна му е поддршка за лекување во Турција

„ВТОРА ШАНСА ЗА АЛЕКСАНДАР!“: потребна му е поддршка за лекување во Турција

„АПАСИЕВ ДО ОВОЈ МОМЕНТ НЕ СЕ ОГЛАСИ ЗА НОВИОТ АВТОМОБИЛ“ - адвокатот Јанаки Митровски и денеска се занимава со лидерот на Левица

„АПАСИЕВ ДО ОВОЈ МОМЕНТ НЕ СЕ ОГЛАСИ ЗА НОВИОТ АВТОМОБИЛ“ - адвокатот Јанаки Митровски и денеска се занимава со лидерот на Левица

ВЕРИЖЕН СУДАР НА ОБИКОЛНИЦА: се судриле автобус, товарно возило и автомобили - три лица пренесени во болница (ОБНОВЕНО)

ВЕРИЖЕН СУДАР НА ОБИКОЛНИЦА: се судриле автобус, товарно возило и автомобили - три лица пренесени во болница (ОБНОВЕНО)

„МИЦКОСКИ ПРОВОЦИРА“ - СЕ ОГЛАСИ ГРЦИЈА: „Македонското прашање е решено, неотповикливо и дефинитивно“

„МИЦКОСКИ ПРОВОЦИРА“ - СЕ ОГЛАСИ ГРЦИЈА: „Македонското прашање е решено, неотповикливо и дефинитивно“