21 Декември, 2024
0.0384

МАКЕДОНЦИТЕ ГО ИСПИЈА И ПИВОТО И СОКОВИТЕ - еве како Прилепска пиварница „наточи“ двојно повисок профит во првото полугодие

Објавено во: Економија 01 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Одлично и одело на индустријата за произвиодство на пиво и безалкохолни пијалоци во земјава.

Тоа барем го покажуваат резултатите на Прилепска пиварница, која за период од само шест месеци од годинава остварила одличен профит од 1,7 милиони евра, што е двојно повеќе во однос на истиот период од минатата година.

Ова значи дека нашите граѓани обожуваат да конзумираат пиво и безалкохолни пијалоци, без оглед на тоа што во изминатиов период инфлацијата е многу висока и го нагризува животниот стандард, принудувајќи ги да бираат приоритети и да се концентрираат на основните животни намирници.

Да видиме како Прилепска пиварница успеала да ја дуплира својата чиста добивка во првото полугодие од годинава, која всушност покажува пораст за 99 проценти, согласно Билансот на успех.

Компанијата остварила вкупни оперративни приходи од нешто над 15 милиони евра, што е раст за 12 проценти.

Најголемиот дел од овие приходи се приходите од продажба, всушност тоа е главната приходна ставка која на пиварницата и донела 14,7 милиони евра, или 11 проценти повеќе од истиот период во 2022 година.

„Во структурата на вкупниот приход најголемо учество има приходот од продажба на производи и стоки во земјата и странство од 904.777 денари, што и во вкупниот приход учествува со 95,62 проценти“, напишале од ова акционерско друштво во образложението на нивниот финансиски резултат.

И, овде треба јасно да се каже дека токму македонските граѓани се тие што најмногу пиеле од пивото и соковите на Прилепска пиварница, бидејќи приходите од продажбата на домашниот пазар на компанијата и донеле приход од 14,6 милиони евра, од што станува јасно дека тоа е главниот финансиски колач на приходната страна. Во однос на истиот временски период лани тоа е пораст за прихоидите остварени на домашниот пазар за 11 проценти.

А, ако сакаме да зборуваме за значаен раст, него го има кај приходите од продажба на странскиот пазар, и тоа за 34 отсто во однос на истиот период лани. Но, овде треба да се напомене дека продажбата надвор е многу помала и таа изнесува 171 илјади евра за шест месеци. Ова значи дека домашниот пазар е најбитен за оваа компанија, односно токму македонските граѓани како купувачи.

Приходите од капитализирано сопствено производство и услуги, иако се помала ставка од 104 илјади евра, имаат во првото полугодие раст од дури 188 проценти.

Останатите оперативни приходи, пак, биле на ниво од 246 илјади евра и имаат зголемување за 63 проценти.

Кога ќе одиме на страната на трошоците, пак, ќе видиме дека оперативните расходи пораснале, но со многу помала стапка од приходите, односно кај нив зголкемувањето за шесте месеци е за 3 проценти во однос на истиот период лани. Инаку, во првите шест месеци од годинава Прилепска пиварница направила вкупно расходи од близу 14 милиони евра.

За своите вработени компанијата од Прилеп направила трошоици од 1,5 милиони евра, што е зголемување за 12 отсто во однос на истиот период лани. Овој пораст се должи на зголемување на платите на вработените, и од компанијата тоа прецизно го имаат објаснето во своето образложение на финансискиот резултат.

„Бруто платите во износ од 92.372 денари се зголемени за 11,85 отсто, што е во линија со остварените приходи во деловната година ( задржување на вредноста на платите и пораст во услови на зголемени приходи) односно Прилепска пиварница ја остварува донесената стратегија колку што е можно помалку тековните проблеми во 2023 година да се рефлектираат врз платите на вработените“, се вели во објаснувањето од компанијата.

Таму се додава и дека надоместот на трошоците на вработените од 12.689 денари забележал зголемување од 213,26 отсто, а трошоците за репрезентација, донации и спонзорства остварени во износ од 10.082 денари се зголемени за144,96 отсто.

Инаку, како што пишуваат во Овразложението, во текот на првата половина од годинава, Прилепска Пиварница го продолжила инвестицискиот циклус со значителни вложувања во недвижности, постројки и опрема, со вкупна набавна вредност од 121.454 денари.

Прилепска Пиварница потенцира дека во првото полугодие од 2023 година, како и во изминатите години, како што нагласуваат, финансирањето на редовните и инвестициските активности ги покрива од сопствени извори, поради што во финансиските извештаи не е искажана никаква кредитна задолженост.

„Во донесениот план за втората половина од годинава, се очекува раст на добивката на крајот на годината, што се темели на очекувањата и проекциите за условите на пазарите, зголемувањето на цените на готовите производи, контрола на трошоците, како и намалување на количините на електрична енергија кои се потребни да се обезбедат, затоа што повеќе од една третина ќе се обезбедат од сопствената фотоелектрична централа“, објаснуваат од Пиварницата околу тоа каков е нивниот план за работа до крајот на годинава.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

ПРОБЛЕМИ ВО РЕК БИТОЛА: Исклучени два термоблока, се работи на враќање во функција

ПРОБЛЕМИ ВО РЕК БИТОЛА: Исклучени два термоблока, се работи на враќање во функција

СДСМ: РЕК Битола е надвор од функција

СДСМ: РЕК Битола е надвор од функција