17 Декември, 2025
0.0587

МАКЕДОНИЈА БИРА ПРЕТСТАВНИК ЗА ЕВРОВИЗИЈА: Скопски фестивал на 12 ноември!

Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2014 13:46

Добивај вести на Viber

Скопски фестивал 2014 ќе се одржи на 12 ноември, во предвечерието на „Денот на ослободувањето на Скопје“, со почеток во 20 часот и 30 минути, соопшти МРТ. Вкупно 20 нови композиции ќе бидат изведени во живо, придружувани од  Ревискиот оркестар на МРТ, составен од врвни музичари. Како место на случување се предвидува  сцената на Метрополис Арената во Скопје, а водител на фестивалот ќе биде познатиот македонски актер, Васил Зафирчев. На конкурсот објавен од страна на МРТ пристигнале импозантен број композиции, а селектираните 20 ќе бидат изведени од дел на најетаблираните интерпретаторски имиња на македонската музичка сцена. Редоследот на настап  на селектираните композиции и интерпретатори ќе биде одреден по пат на жрепка на неколку дена пред фестивалот. Како што изјави уметничкиот директор на фестивалот „ Скопје 2014 “ - Валентино Скендеровски,  селектираните композиции (засега со  работен наслов), влегуваат во фаза на музичко, текстуално и аранжерско дообликување, по што ќе следува и нивно снимање во едно од музичките студија на Македонската Радио Телевизија. 01.        Север –Југ   -  Ристо Самарџиев и Влатко Илиевски 02.        Ало   - Лена Заткоска 03.        Во твојот свет  - Александра Јанева 04.        Знам   - Наде Талевска 05.        Сакам да летам - Сања Ѓошевска 06.        Ми фали некој како тебе - Викторија Лоба 07.        Миг без тебе  - Горан Наумовски и Сања Керкез 08.        Сонце низ облаци - Лидија Кочовска и Марјан Стојановски 09.        Сакам да летам - Вера  Јанковиќ 10.        Да не те сакам - Евгенија Чанчалова 11.        Совршена бура   - Даниел Кајмакоски 12.        Брод што тоне  - Тамара Тодевска 13.        Марија  - Александар Тарабунов и Тони Михајловски 14.        Се што ти ветив  - Димитар Андоновски 15.        Само за тебе - Верица Пандиловска 16.        Пеколно ми недостасуваш  - Тања Царовска 17.        Длабоко во себе - Мијата 18.        Ни Љ од љубовта  - Јоце Панов 19.        Срце чува спомени – Александра Михова 20.        Блуз – Сашо Гигов-Гиш Оваа година, победникот на Скопскиот фестивал ќе ја претставува МРТ и Македонија на јубилејниот 60-ти Избор за песна на Евровизија во Виена 2015. Победникот на фестивалот ќе се определи според евровизискиот принцип на гласање по пат на  телевоутинг и меѓународно стручно жири  во сооднос  50 : 50 %. И годинава, на Скопскиот фестивал ќе бидат доделени вредни парични награди, од кои едната за животно дело, којашто МРТ и овојпат ја доделува на личност , чијшто авторски и професионален кредибилитет е неодминливо поврзан со востановувањето и афирмацијата на Скопскиот фестивал, но исто така и со  историјата на македонската забавна музика и музичка култура воопшто. Новото издание на фестивалот на забавни мелодии  „Скопје 201 “ коешто оваа година е во знакот на одбележување на двата значајни јубилеи за Македонската Радио Телевизија: 70 години на Македонското Радио и 50 години на Македонската Телевизија и оваа година ќе биде незаборавен музичко сценски спектакл кој на македонската публика и музичката јавност, ќе ù го доближи чувството за присуство на фестивал од највисок ранг, соопшти МРТ.  

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив