Македонија е учесник на Светскиот конгрес за женско претприемништво во Тајван
Објавено во: Мои пари 24 Септември, 2014 10:00
Свое обраќање, вчера имаше и делегатот од Македонија, Валентина Дисоска, претседател на Здружението на бизнис жени од Мaкедонија, која истакна дека „женското претприемништво во РМ процентуално е во рамките на европскиот просек, со нешто повеќе од 30% компании основани од жени, но основен проблем ни е големината и изнаоѓањето решение како тие компании да имаат поголем профит, како да се справуваат со кризните сктуации и како да прераснат од микро во мали претпријатија“. Дисовска во своето обраќање нагласи дека Здружението на бизнис жени за своето постоење од 4 години успеа да ја подигне свеста на темата женско претприемништво, при тоа достигнувајќи препознатливoст во национални, регионални, па и светски рамки. „Веруваме дека со заедничка работа и залагање јакнењето на женското претприемништво е неминовно и тоа на три основи или три "P", Personality, policy i product development“, додаде Дисоска.
На овој светски конгрес, обраќањето на претседателката Дисоска, како и учеството на Здружението на бизнис жени е под уставното име Република Македонија.
Здружението на бизнис жени на Македонија, води континуирана програма за интеграција на жените во сите општествени сфери, активирајќи ја жената како економски независен носител на општествениот развој преку конференции, едукација и проекти.
Со вклучувањето на светскиот конгрес во Тајван, како и со останатите проекти со локален и интернационален карактер, Здружението на бизнис жени од Македонија се потенцира дека прашањето на женското лидерство има силна економска природа и е од посебно значење за економскиот развој на секоја држава.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




