16 Декември, 2025
0.0526

Македонија и гимназијата „Нова“ за првпат домаќини на светскиот образовен семинар „Глобал конекшнс“

Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2014 14:32

Добивај вести на Viber

Семинарот „Глобал конекшнс“ (Global Connections), организиран од истоимената фондација од САД, своето 16 издание годинава за првпат ќе го одржи и во Македонија, а ќе се одвива и во Грција и на грчкиот и на турскиот дел од Кипар. На меѓународното училиште НОВА му припадна честа да биде домаќин, а со тоа Македонија ќе добие можност за своја национална промоција. Темата на семинарот оваа година е „Образование на мирот: Одлична едукација и учители за мир”. Целосниот настан ќе почне утре, 21 јуни, а ќе трае до 30 јуни.

Семинарот „Глобал конекшнс“ овозможува глобално поврзување на директорите на училиштата ширум светот и средби со лидерите во образованието од напредните и богати училишта, со оние посиромашните. Целта е создавање на интернационална образовна мрежа која ќе промовира партнерство и размена на искуства. Гости на семинарот се директори на основни и на средни училишта, од најбогатите во Америка, па сè до најсиромашните во Африка, но еднакво посветени на својата заложба: градење на меѓукултурни партнерства и кревање на глобалната свест за значењето на образованието. Во групата има 34 директори од 17 различни држави, од сите пет континенти. Како дел од програмата на семинарот, од 21 до 24 јуни во Скопје и во Охрид ќе бидат организирани низа активности: прием во Владата на РМ и средба со Премиерот, г–дин Никола Груевски и дискусија за целите и реформите во образованието кај нас; прием кај Претседателот на РМ, г-дин Ѓорге Иванов и преглед на мултикултурното образование; а на експертските панели и неформалните средби ќе присуствуваат и Фатмир Бесими (вицепремиер за европски прашања), Никола Попоски (министер за надворешни работи на Република Македонија) и Ивица Боцевски (поранешен заменик-министер за европски прашања и професор во НОВА); ќе бидат оддржани сесии со Министрите за образование, култура, труд и социјална политика и евроинтеграции, како и средби со градоначалниците на град Скопје и Охрид. Од 24 јуни до 30 јуни 2014 год. семинарот „Глобал конекшнс“ продолжува со активностите во Солун, Грција и во Никозија, Кипар. „Глобал конекшнс“ е светски позната организација на лидери во образованието од сите сектори, основана од Питер Пелхам. Уште од 1997, секоја година се одржува ваков тип на семинар на различен континент. Преку неа се промовира не само поддршката за развој на светската мрежа на професори од образовниот сектор, туку, исто така, и размената на знаења наставник-ученик и зајакнување на односите помеѓу училиштата, најчесто меѓу признатите со помалку привилегираните училишта во различни делови на светот. Училиштето НОВА започна со работа во 1997 година како прво регистрирано приватно училиште во Република Македонија. НОВА е и првото училиште со меѓународна акредитација во земјавa и е одобрено да спроведува меѓународна и висока матура, средношколски програми кои овозможуваат следење на предметите на факултетско ниво. Поддржано е од Американскиот Стејт Департмент што подразбира нивна логистичка и програмска поддршка.  

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив