26 Април, 2024
0.1542

MAКЕДОНИЈА СЕ СЕЌАВА НА ЖРТВИТЕ ОД КАРПАЛАК: Двајца роднини загинаа во ист ден

Објавено во: Македонија 08 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Денеска се наврши 21 година од масакрот кај месноста Карпалак. 

Ердован Шабаноски е роден на 24 октомври 1980 година во Прилеп и потекнува од сиромашно ромско семејство. Сестрата на Ердован беше мажена за Веби Рушитоски, кои подоцна заедно ќе загинат во масакрот кај Карпалак. За да не остане куќата празна, решил после отслужувањето војска да се жени. Имал две деца. Во тој период одбранбените сили на Македонија забрзано мобилизираше резервисти. Ердован, заедно со зета си Веби Рушитоски одлучиле да се пријават на мобилизацијата. Со парите сакале да купат коњи и да почнат да работат во шумското, да влечкат огревно дрво по планината и така да си обезбедат егзистенција.

Седум дена Ердован и Веби Рушитоски, со многу други од Прилеп минале на обука во касарната и на Криволак. После тоа заминале со прилепскиот конвој кон Тетово, каде што загинаа во масакрот кај Карпалак на 8 август 2001 година. Шабаноски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.
Ердован загина на 19 години. Тој е најмладиот загинат војник во масакрот кај Карпалак.

Веби Рушитоски е роден на 23 септември 1976 година во Прилеп и тој потекнува од сиромашно ромско семејство. Беше женет за сестрата на Ердован Шабаноски. Немал занает, но не се срамел да работи сè и сешто, секаде и кај секого што ќе му понудел некаква работа. Научил да прави ќумбиња за пржење ајвар. Со тоа го прехранувал семејството и плаќал кирија. Имал две деца. Рушитоски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.

За семејствата загубата и тагата се преголеми.

И по 21 година бараат одговори зошто нема виновници за смртта на нивните блиски. Владина делегација составена од советникот за одбрана Драган Василевски и државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ положија цвеќе на спомен плочата на местото на настанот на автопатот Скопје – Тетово.

Во масакрот загинаа и Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Во Прилеп денеска локалната власта им оддаде почит на загинатите. 

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката