27 Септември, 2024
0.0330

Македонија за Шкендија – Без политика и омраза

Објавено во: Македонија 27 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Шкендија во четвртокот го одигра реванш натпреварот во плеј-офот од квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на Европа, натпревар кој предизвика огромно внимание во македонската спортска јавност.

Тетовскиот клуб беше единствениот „преживеан“ наш претставник во европските натпреварувања ова лето, кога по правило ние остануваме без конкурентен клуб до самиот крај. Успехот на Шкендија не мина незабележително. Напротив, клубот доби огромна поддршка, пред се од етничките Албанци во државава кои се поистоветуваат со тетовска Шкендија, но доби поддршка и од Македонците и сите оние за кои политиката, како што и се очекува, не припаѓа во спортот. За жал, сета таа атмосфера и поддршка не беше крунисана со историски пласман во групната фаза од ЛЕ, бидејќи Гент славеше со убедливи 4:0 на „Филип Втори“ арена во Скопје (НЕ арена „Адем Јашари“).

Точно е, Шкендија доби голема поддршка од Македонците, сите посакуваа пласман на тетовскиот клуб во групната фаза од Лигата на Европа. На „Филип Втори“ во Скопје покрај традиционалното навивачко ткиво на клубот беа присутни и голем број на Македонци кои заминаа таму да му дадат поддршка на единствениот преостанат МАКЕДОНСКИ клуб во Европа, без разлика на името на клубот, сопствениците, играчите и слично. Доказ за тоа се и македонските знамиња кои стоеја покрај албанските на трибините. Да, Шкендија е претставник на етничките Албанци, но тие Албанци се од оваа држава, од Македонија.

Но, Македонија не би била Македонија ако нема поделби на секаква основа. Ако досега во принцип во фудбалот имаше поделби на етничка основа и омраза помеѓу навивачите на клубовите, сега еден потег кој секаде на запад би се протолкувал како современ, либерален, зрел и нормален, предизвика хаос и политизирање на фудбалот и натпреварот на Шкендија и Гент.

Предводникот на опозицијата, господинот Зоран Заев, се појави на натпреварот помеѓу Шкендија и Гент и беше присутен на трибините на „Филип Втори“. Целта беше јасна, Заев сакаше да му даде поддршка на единствениот преостанат македонски клуб во Европа, а тоа наиде на жестоко осудување од страна на навивачите на Пелистер, популарните „Чкембари“ кои овој потег го искористија за политички цели и оцрнување и навредување на човекот кој направи нешто што би требало да биде за поздравување.

За нив е несфатливо како Заев можел да присуствува на натпревар на клуб кој е албански, сметајќи дека Заев би направил се за да собере политички поени. Дури и му упатуваа и покани и закани да пристигне во Битола на натпревар на Пелистер, па „да видел дали жив ќе го напушти Тумбе Кафе“. Човекот замина на натпревар да испрати порака за обединување и порака со која треба да им покаже на овие наши „навивачи“ дека спортот и пред се фудбалот треба да обединуваат, а не да шират омраза.

Јасно е дека навивачите на Шкендија не се „цвеќиња за мирисање“. Тие и вчера имаа скандалозни скандарања за време на натпреварот, но повеќето луѓе таму беа за да гледаат фудбал. А, на трибините беа и Македонци и Албанци заедно со цел да му дадат поддршка на тетовскиот клуб.

Да, „Балистите“ кренаа прашина во јавноста со преименувањето на арената „Филип Втори“ во арена „Адем Јашари“, но раководството на Шкендија јасно излезе со став дека тоа не го поддржува и дека Шкендија е клуб кој се натпреварува во Македонија и кој ја претставува Македонија. Тоа го изјави и шефот на стручниот штаб Бруно Акраповиќ по вчерашниот меч. Тој во неколку наврати се заблагодари за поддршката на целата македонска јавност и потенцираше дека клубот ја претставувал цела Македонија во европската одисеја.

Никому не му користи ваквото политизирање на еден фудбалски натпревар. „Комитите“, „Балистите“, „Чкембарите“, „Шверцерите“ одамна си имаат некои свои сметки за расчистување. Јасно е дека имаат крајно радикални и националистички ставови, но тоа си е нивна работа. На народот му е доста од такви малоумни глупости кои само придонесуваат да се зголемува омразата меѓу нив, а притоа и народот да биде сведок на нивните препукувања. Не е важно кој започнал, важно е кој прв ќе престане и ќе покаже дека Македонија е европска земја од 21. век, а не е некоја зафрлена земја без трунка современи вредности.

А тоа што некои „медиуми“ ја користат целата ситуација за дополнително да ја разгорат ситуацијата, е, тоа е уште помалоумно. Е, тоа придонесува за да има осуди што Македонец бил да бодри македонски клуб. Да има осуди само затоа што во тој македонски клуб мнозинството се Албанци.

Се искористува порака која упатува на мир и обединување за дополнително политизирање на ионака исполитизираниот фудбал во Македонија. На омраза меѓу ионака омразените навивачки групи. Да се спинува со цел да се фаворизира или деградира одредена политичка личност во време кое е деликатно за македонската држава. Да се оцрнува лидер на опозиција за политички поени, а никој да не споменува дека на натпреварот беше присутен и вицепремиер на Владата на Република Македонија. Е, тоа свесно сквернавење не доведува до ситуацијата во која сме.

Колку всушност немаат смисла спинувањата на одредени „медиуми“ и осудите на „навивачите“ во политички цели покажува и изјавата на спортскиот директор на клубот Ибраим Рамадани за порталот „Нова.мк“.

„На натпреварот вчера присуствуваа и опозицискиот лидер Зоран Заев и вицепремиерот Владимир Пешевски. Посебна благодарност до Пешевски кој редовно ги следи нашите натпревари. Имаше покана и за претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и за актуелниот премиер Емил Димитриев и сите се добредојдени. Што повеќе да направи Шкендија? Зошто секогаш сме мета на политички поени? Ве молам, 5 Македонци ми играат во клубот, генералниот секретар е Македонец, ако Шкендија е националистички клуб не знам кој. Имало скандирања на натпревари и против Албанците и против Македонците, што треба да се прави, ние да се занимаваме и со ситуацијата на трибините?“, вели Рамадани.

За ситуацијата која се создаде поради односот на одредени „медиуми“ кои се обидуваат само да ја исполитизираат ситуацијата во државата и со говор на омраза и давање внимание на хулигани за кои пораката која ја испрати Заев е лоша и негативна за Македонија, се огласи и самиот лидер на опозицијата.

„Како и многумина од вас и јас го сакам фудбалот. Вчера, еден од нашите тимови имаше шанса да игра во Европа и тоа е прекрасна работа. Јас ја сакам Македонија и затоа навивам за нашите клубови. Вчера играа Македонци, Албанци, Бошњаци и сите се бореа за иста цел и тоа е убавината на спортот. Тоа е убавината и на Македонија. Жално е што тоа не го препознаваат нашите противници. Јас ќе продолжам да го поддржувам македонскиот спорт и горд сум на тоа“, изјави Заев.

Да не дојде до забуна дека редакцијата на „СПОРТКЛУБ“ исто така ја политизира целата ситуацији и фаворизира одредена страна. Редакцијата на „СПОРТКЛУБ“ секогаш ќе дава поддршка за луѓе кои му мислат добро на македонскиот спорт и луѓе кои не сакаат политиката да се меша каде што не и е местото. Доста е од политика и омраза. „СПОРТКЛУБ“ секогаш ќе ги поддржува вистинските вредности на спортот, а политиката и омразата им ја оставаме на оние квази-медиуми и хулигани кои не прават ништо друго освен што го оцрнуваат и онака пропаднатиот македонски фудбал и спорт во целина. Токму затоа и не им даваме медиумско внимание на националистичките скандирања и испади на „Балистите“, „Комитите“, „Шверцерите“, „Чкембарите“ и сите оние кои се против спортските вредности.

Да се навредува тим во кој играат и Албанци и Македонци и кои притоа се репрезентативци на оваа земја е малоумно. Да се навредува државата преку спортот во која живеете е малоумно. Да се користи сето тоа за политички цели е малоумно. Оставете го спортот на луѓето кои го сакаат...

За крај, порака до сите - Шкендија е македонски клуб, без разлика на тоа дали некому тој факт му се допаѓа или не...

Извор: спортклуб.мк

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силјановска Давкова употреби „Северна Македонија“ во говорот

(ВИДЕО) Силјановска Давкова употреби „Северна Македонија“ во говорот

Возач загина во скопската населба Даме Груев откако излета од патот

Возач загина во скопската населба Даме Груев откако излета од патот

ОСУДЕНИЦИ СЛОБОДНО СЕ ШЕТАЛЕ ПО НАРЕДБА НА ДИРЕКТОРОТ - кривична пријава за злоупотреба на службена должност

ОСУДЕНИЦИ СЛОБОДНО СЕ ШЕТАЛЕ ПО НАРЕДБА НА ДИРЕКТОРОТ - кривична пријава за злоупотреба на службена должност

Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем

Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем

СО ЦИТАТ ОД МАРГАРЕТ ТАЧЕР И СО СРДЕЧНИ ПРЕГРАТКИ СО ВРАБОТЕНИТЕ - Марија Бошковска си замина од директорската позиција во ЦР

СО ЦИТАТ ОД МАРГАРЕТ ТАЧЕР И СО СРДЕЧНИ ПРЕГРАТКИ СО ВРАБОТЕНИТЕ - Марија Бошковска си замина од директорската позиција во ЦР

„СЕРИОЗЕН ЗДРАВСТВЕН РИЗИК“: предупредување до жителите на Гостивар, откриени се бактерии во јавниот водовод

„СЕРИОЗЕН ЗДРАВСТВЕН РИЗИК“: предупредување до жителите на Гостивар, откриени се бактерии во јавниот водовод

МАКЕДОНЦИТЕ ГО МИСЛАТ ИСТОТО ШТО И ПРЕМИЕРОТ, ВЛАДАТА ЌЕ ЗАЧУВА ОБРАЗ И НЕМА ДА ВИТКА КИЧМА: Адвокатот Митровски со став околу понижувачкта политика од Бугарија

МАКЕДОНЦИТЕ ГО МИСЛАТ ИСТОТО ШТО И ПРЕМИЕРОТ, ВЛАДАТА ЌЕ ЗАЧУВА ОБРАЗ И НЕМА ДА ВИТКА КИЧМА: Адвокатот Митровски со став околу понижувачкта политика од Бугарија

ЕВЕ ШТО ЌЕ ПРАВИ ОРБАН ДЕНЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Прво ќе има средба со Мицкоски во „Инекс Олгица“

ЕВЕ ШТО ЌЕ ПРАВИ ОРБАН ДЕНЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Прво ќе има средба со Мицкоски во „Инекс Олгица“

БУГАРИЈА ЕМ ЛУТА, ЕМ САКА ДА СЛАВИ ПРАЗНИЦИ СО НАС: Изгласана декларација со која бара заедничко чествување на празници

БУГАРИЈА ЕМ ЛУТА, ЕМ САКА ДА СЛАВИ ПРАЗНИЦИ СО НАС: Изгласана декларација со која бара заедничко чествување на празници