Добивај вести на Viber
Општините Прилеп, Гази Баба, Богданци и Град Скопје на денешната втора Национална конференција за „Сертификација на општините со поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа“, во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) и Заедница на единиците на локална самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС), потпишаа договори за започување на процесот на сертификација. Сертификатот е знак дека на бизнисите им се даваат најдобрите општински услуги.
„Сертификатите претставуваат, меѓународен печат за секоја општина, која сака да ги зголеми инвестициите и да го подобри деловното опкружување, односно потврда дека општината има ефикасна администрација, транспарентно локално владеење, соодветна инфраструктура и партнерство со индустријата. Нашите деловните соработници кои се заинтересирани за инвестиции во Македонија, често ги упатуваме во општините кои имаат сертификат за квалитет, затоа што сме сигурни во условите кои ги нудат за водење бизнис“, изјави
Данела Арсовска, претседател на ССК.
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје,
Коце Трајановски, истакна дека процесот на сертификација на општините е обемен, макотрпен и бара голема посветенот и тимска работа од општината која се пријавила за учество во проектот.
„
Свесни сме дека тоа е еден, нималку лесен, процес за стекнување со Сертификат за поволно деловно опкружување. За да се стекнеме со овој сертификат локалната самоуправа мора да ги исполни 12. критериуми и при тоа успешно да ги мине фазите на евалуација, имплементација и верификација на потребните разултати, изјави Трајановски.
Заменик министерот за локална самоуправа,
Љупчо Пренџов, истакна дека, можноста да се биде конкурентен надвор од границите на државата и да се биде признат и видлив и во регионот е голема придобивка за општините и за државата.
„
Министерството за локална самоуправа во моментов работи на нова Програма за децентрализација, во која акцентот ќе биде ставен главно на создавање на поповолен амбиент за развој на општините. Можноста за нивно сертифицирање како општини со поволно деловно опкружување во Југпоисточна Европа, е дополнителен мотив и за централната и за локалните власти. Всушност, на овој начин се создава систем на вредности и стандарди на регионално ниво, кој што ќе им понуди сигурност на потенцијалните инвеститори“, рече Пренџов.
Националниот технички секретаријат за BFC SEE програмата, формиран од ССК и ЗЕЛС во соработка со ГИЗ – Отворен регионален фонд и СДЦ – Швајцарска агенција за соработка и развој, минатата година им додели сертификати на општините
Струмица и
Велес. На конференцијата градоначалниците од овие општини, од општините во регионот, како и истакнати бизнисмени членови на ССК, дискутираа за локалниот економски развој.