МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ го подготвува најголемиот навивачки „ТЕРЕН“ за Еуро 2016
Објавено во: Мои пари 04 Јули, 2016 13:38
- Полуфинале и финале на ЕУРО 2016 на плоштад „Македонија“
- Забава со Дарко и Сашко, врвен фудбал, вжештена атмосфера, навивање, забавни игри и супер награди
_______________________________________________________________
Во пресрет на највозбудливите натпревари од финалето и полуфиналето на ЕУРО 2016, Македонски Телеком го подготвува најголемиот навивачки „терен“ на плоштадот „Македонија“.
На 6, 7 и 10 јули, 2016 година, сите љубители на фудбалот ќе имаат можност да навиваат за својот фаворит во вистинска стадионска атмосфера.
За загревање на атмосферата забавата ќе почнува во 19 часот и 30 минути, со: „Фудбал Манија“ на Дарко и Сашко, наградни игри и музика, сé до почетокот на натпреварите во 21 часот, кои ќе се следат на екран на плоштадот.
Финалното одбројување на ЕУРО 2016 ќе започне на 6 јули (среда) помеѓу репрезентациите на Португалија и Велс, а на 7 јули (четврток) нè очекува натпреварот помеѓу Франција и Германија.
Ве очекуваме на плоштад „Македонија“.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




