16 Декември, 2025
0.0414

Македонски Телеком стартува со нов продажен канал директно до домовите на граѓанитe

Објавено во: Мои пари 08 Јуни, 2016 12:40

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком стартува со нов продажен канал директно до домовите на граѓаните. Станува збор за продажен канал преку кој што граѓаните ќе можат да одберат некој од oптик пакетите на Македoнски Телеком директно од дома, наместо да посетат некоја од Телеком продавниците или пак да се јават во Контакт центарот на телефонскиот број 122.

Брендирани тимови од Македонски Телеком ќе  започнат со посети на  домаќинствата во Аеродром и Карпош, при што на директна средба со граѓаните ќе им ги претстават новите поволни oптик понуди, подготвени во согласност со нивните барања, потреби и можности.

Новиот продажен канал започнува од овие две скопски населби затоа што станува збор за општини со најголема покриеност на оптика.

Посетата на домаќинствата ќе се одвива секој работен ден од понеделник од петок попладне од 16 до 20 часот, а во  саботите од 10 до 14 часот. Новиот продажен канал Македонски Телеком го реализира во партнерство со компанијата Р3 Инфомедиа.

Оптиката како технологија на иднината, покрај брзината, стабилноста и обемот на податоци кои ги пренесува, овозможува бројни други опции за ТВ, интернет или телефонски услуги за врвно  корисничко задоволство.

Освен во Аеродром и Карпош, наскоро Македонски Телеком ќе продолжи  со новиот продажен канал и во други општини во Скопје и низ државата, со што ја доближува напредната оптичка технологија, која што овозможува интернет со брзина на светлината, буквално до секој дом.

Во моментов, 127.000 домаќинства ширум Македонија имаат можност да користат оптика. Македонски Телеком ќе продолжи и годинава со проширување на оптичката мрежа низ државата, во согласност со интересот на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив