16 Декември, 2025
0.0595

Македонци во потрага по работа во Малта

Објавено во: Мои пари 01 Март, 2016 14:12

Добивај вести на Viber

Се повеќе Македонци се одлучуваат да заминат на работа во Малта, во потрага по подобар живот и обезбедување на егзистенција. Во Малта заминуваат како туристи, а откако ќе најдат работа остануваат подолго време. Работа полесно може да се најде преку лето, со македонски или пасош од евопска земја. Искуствата се различни, дел успеале да се снајдат и добро да заработуваат, а  дел се разочарани затоа што македонскиот работник таму напорно работи, а неговиот труд е слабо платен. „Тука сум три месеци  и моето искуство не е многу убаво. За нас Македонците има работа како собарки, шанкери, келнери, градежници, чистачи. Тоа што не работат Малтежаните, тоа го работиме ние. Дипломите не се признаваат, а платите се 800 евра. Немаме некои права како работници, се работи многу“-вели младата А.Ѓ. од Скопје, која работи во градот Бугиба. Во истиот град веќе еден месец е и Виктор Ј. од Скопје, кој се уште не вработен. „Не дојдов првенствено за работа, но од тоа што го гледам Македонците тешко се вработуваат ако немаат бугарски пасош. Ќе видам што ќе направам следната недела иако е тешко без европски пасош. Плановите ми се да го фатам  летото, ако не работам барем одмор да истерам. Може да се работи било што, но ако документите се преведени, ако не чистач, мијач на садови, градежништво. Се плаќа по 4.5 евра од час, па нагоре. Македонци има премногу, но претежно работат како чистачи или по кафулиња„-рече тој. Ова младо момче е задоволно од начинот на живот во Малта, затоа што како што вели цените се исти како кај нас, а платите се повисоки.      

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив