16 Декември, 2025
0.0373

Макпрогрес со брендот Винчини две децении испишува слатка приказна за сите генерации

Објавено во: Мои пари 08 Јуни, 2016 14:43

Добивај вести на Viber

“Светот падна на Винчини“ беше насловот што осамна во еден наш медиум по информацијата дека производите со голема брзина и леснотија ги освојуваат светските пазари. Духовито во текстот пишуваше: “Да знаат во Јужна Америка какви слатки се произведуваат во Македонија извесно е дека и тие ќе побараат каде е Виница на географската карта. Тоа е единствениот континент чии жители засега не ги вкусиле тортиците и ролатите „Винчини“, кои со  години се произведуваат во виничката фирма „Макпрогрес. Успехот на овој македонски бренд кој се најде на светски пазари се должи на динамичниот развој во последните неколку години, храбрите менаџерски одлуки, како и трудот и  професионалноста на вработените.

rondo_cake_marble

Производите на Винчини се добро познатите слатки задоволства на сите генерации. Речиси и да не постои роденденска прослава, семеен излет или ужинка без вкусните тортици и колачиња на македонскиот бренд „Винчини“, производна линија на кондиторскиот лидер во Македонија и регионот - Макпрогрес.

Макпрогрес минатата година одбележа 25 години постоење со титулата -Најголемата компанија во кондиторската индустрија со најголем извоз во преку 50 земји во светот!

perfetto_coffee

Макпрогрес е успешен семеен бизнис, што поставува високо посакувани стандарди за квалитет во прехранбената индустрија. Денес, компанијата претставува дом и семејство на 550 вработени за кои не постојат граници во унапредување на вкусот и квалитетот на своите 350 производи поделени во 5 брендирани линии.

Twingers

Производите на Винчини може да се најдат на полиците во маркетите ширум светот, дури до Грендланд, Австралија и Северна Америка.

Иако во јавноста често се говори дека недоволно ги цениме македонските производи и попрво би купиле некој странски бренд, производите на „Винчини“ со квалитет и добра понуда го покажаа спротивното. Во анкета која ја спроведе fakulteti.mkбеше поставено прашањето токму кои се омилени македонски производи на младите луѓе. Слатките задоволства на „Винчини“ заслужно се најдоа на врвот на листата. Производите на Винчини се популарни кај сите генерации. Домаќинките на социјалните мрежи се фалат како ги усовршиле рецептите за подготовка на торти, благодарение на готовите кружни кори на Винчини. А тортините и ролатите ги заблажуваат возрасните на прослави, настани и пријателски собири.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив