Максим Димитриевски стана прв член на својата партија
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2023
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, е првиот запишан член на својата новоформирана партија „ЗНАМ“ која ќе настапи на парламентарните избори во мај.
„Вчера ја потпишав првата пристапница за членство во новата политичка партија "Движење ЗНАМ - За наша Македонија", субјект формиран од граѓаните, за граѓаните.
- Уште поголема е честа во овие тешки моменти за Македонија рамо до рамо со одважни и достоинствени луѓе да се избориме за правда, еднаквост и достоинство за сите, самоодржливост и одржлив раст и развој за наша Македонија и сите нејзини граѓани“, објави Димитриевски.
ЗНАМ одржа основачко собрание на 9 ноември, а за нејзин претседател беше избран поранешниот пратеник.