МАРИЈА И ЛАЗАР ЗА ЧЕТИРИ НЕДЕЛИ ГИ ИЗГУБИЈА РОДИТЕЛИТЕ, БАБАТА И ПРАБАБАТА - еве како животот им се променил преку ноќ
Објавено во: Балкан 09 Ноември, 2021
Животот на Марија (22) и Лазар (16) од Земун се смени преку ноќ. До пред еден месец беа среќни со семејството, а потоа корона вирусот им одзеде се.
За четири недели нивниот татко, мајка, баба и прабаба се разболеле и починале од Ковида 19, пишува Телеграф.рс.
Тие останаа без семејство, без приходи, без услови за живот и школување.
Марија и Лазар живеат со нивниот дедо, кој поради последиците од короната моментално е во болница.
„Дедо ми се разболе прв, а потоа баба ми која го чуваше, потоа тато и на крај мама. Дедо ми е единствениот што се извлече. Баба ми беше болна и пред короната, но најдолго издржа без респиратор. Мама и тато беа примени во болница на 7 октомври, а мама по само два дена беше ставена на респиратор и почина на 16 октомври. Истиот ден брат ми беше хоспитализиран, но за среќа беше пуштен по една недела. Тато почина 10 дена по мама - на 26 октомври. И двајцата имаа 46 години. Мама беше вакцинирана, а тато не и немаа дополнителни болести“, изјави Марија за Пинк.
Таа додава дека дедото сега е подобар, но дека последиците од короната му прават проблем.
„И двајцата се трудиме да бидеме добри, мислам дека нашите родители би сакале да се држиме заедно. Многу луѓе ни се обратија и ни понудија помош“, вели Марија, која е втора година на медицина, додека нејзиниот брат Лазар е средношколец.
Како што вели, во моментов им е потребна финансиска помош бидејќи останале без редовни месечни примања.
Извор и фото: Телеграф.рс