07 Мај, 2024
0.0248

Марјан Ристески: Работниците не си ги знаат своите права, потребно е силно синдикално здружување

Објавено во: Македонија 01 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Експлоатирани работници, текстилци без плата и придонеси, регрес за годишен одмор, неисплатени прекувремени работни часови за кои не се ни зборува дека постојат, без заштита при работа и мизерни услови за работа - ова се дел од реалните проблеми на македонскиот работник, вели за Фактор, претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Марјан Ристески. На Меѓународниот ден на трудот потсетува дека рабоникот и во втората декада на 21 век сеуште е без достоинство, правда, еднаквост, сигурност. Стравот и угнетеноста како што вели  го ставаат во позизција да се бори за преживување, но не и пристојно  да живее.

“Живееме во земја каде работничите права се непознати за работникот.  Работниците од страв да не останат без работа молчат, младите излезот го гледаа надвор. Текстилните работници сеуште работат во тешки услови и без пристојна плата. Работничките права во државава се на доста незавидно ниво.За оние работници кои се вработени во јавниот сектор може да се каже дека се синдикално организирани и нивните работнички права до одреден степен се заштитени. Меѓутоа за работниците во стопанството односно приватниот  сектор може слободно да се каже дека преку 80% од тие вработени не се синдикално организирани, а како резултат на тоа нивните работнички права се сведени на минимум или не постојат воопшто. Тоа значи се оставени на милост и немилост на работодавачите иако  работниците трпат повреди на работните места,вербални и физички понижувања, а и не му е вреднуван трудот”- вели Ристески.

За да се промени ваквата состојба според него потребно е силно синдикално здружување кое ќе застане зад работникот но и ќе делува  во креирањето на јавните политики за овие прашања.

“ Потребно е работниците синдикално да се организираат  во синдикати кои  ќе знаат како ќе ги штитат нивните права, а не да членуваат во синдикати по автоматизам кои што во минатото дозволиле преку измена на Законот за работни односи кршење и кратење на работничките права. Како во сите демократски држави така и во Македонија  потребо е да профункционира синдикалниот плурализам, да престане досегашната пракса. Слободно може да се каже  дека сите досегашни влади фаворизираа одреден синдикат со тоа што не дозволуваа да профункционираат други синдикати. За разлика од  нив оваа влада уште од почетокот на својот мандат дозволи слободно синдикално здружување со тоа што ја деблокира можноста за регистрација на нови синдикати. Ние како Конфедерација на синдикални организации на Македонија (КСОМ) успешно ја искористивме оваа можност и за краток период во состав на КСОМ регистриравме неколку гранкови синдикати и синдикални организации. Со големо здоволство ќе кажам дека освен железничките синдикати,Синдикатот на градежните работници во составот на КСОМ влегоа и ново формирани синдикати како што се: Независниот полициски синдикат,Синдикатот на образование, Независниот синдикат на професионални војници, Синдикатот на здравствени работници, а со посебно задоволство ќе го најавам и формирањето на Независниот синдикат на текстилни и кожарски работници”- објаснува претседателот на КСОМ.

Конфедерацијата преку своите синдикални претставници  вели ќе се бори да ја врати довербата на работниците во синдикатот. Оттука  потенцира дека е потребна итна измена на Законот за работни односи и законите кои ги регулираат приватните извршители.

“Оваа година 1 Мај ќе биде одбележан од повеќе синдикати и организации. КСОМ  ќе го одбележи денот на трудот со протестен марш од раскрсницата пред зградата на Македонската телевизија и ќе заврши пред Владата.Главните барања на овој протестен марш се комплетна измена на Законот за работни односи и комплетна измена на неколку закони за извршителите. Довербата досега  за жал е речиси изгубена. Се надевам дека со промената што е настаната ќе се направат некои  реформи и ќе се почувствуваат  одредени позитивни дејствија за заложбата да постои синдикален плурализам (непречено синдикално организирање),како би можеле во иднина да настапиме заеднички во подобрување и заштита на работничките права што за жал до ден денес тоа не беше остварливо. Синдикатите во државата треба да земат многу поактивна улога во креирање на социјално -економската состојба како би се отвориле перспективи на младите да  ја гледаат својата иднина,  што во моментов не е ни приближно така”- нагласува Ристески.

Масовниот егзодус на млади кадри во потрага по гола егзистенција според него треба да биде аларм дека мора да се превземат итни и неодложни мерки, вреднување на трудот, пристојни плати и услови за работа. Во спротивно вели ќе  останат  само да се раскажуваат некои добри времиња.

“Езгодусот на млади и образовани кадри кој се случува во моментов, во потрага по својата егзистенција во странство мора да престане. Мора да се овозможи на младиот и стручен кадар да биде  вработен  согласно својот образовен профил, без фаворизирање на нестручен и политички кадар. КСОМ ги повикува работниците и граѓаните да се приклучат во нивните редови каде што ќе можат слободно и отворено да зборуваат и да се борат за проблемите и неправдите што се случуваат во нивното опкружување”- порачува претседателот на Конфедерацијата.

1 Мај, Денот на Трудот треба да биде само мотив симболично да се одбележи вековната борба на работниците низ историјата, но вели не и причина  само за декларативни заложби.

Ристески потсетува дека во Чикаго, 1886 година – околу 200.000 работници излегуваат да се борат за своите права. Македонија во 21 век  има константно кршење на работничките права, кое вели  мора да престане, но само со силна синдикална борба која ќе придонесе за менување на правилата на глобалната економија  кои треба да бидат насочени кон подобрување на правата, благосостојбатa, безбедноста и можностите за  секое  семејство. 


Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта