Добивај вести на Viber
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски останува на кормилото на Бордот на регулатори од Енергетската Заедница, откако на 57 состанок во Атина членките повторно не избраа нов претседавач.
Бислимоски раководи со Бордот на регулатори и е избран на оваа функција во двоен последователен мандат од по две години и сега ќе прецедава во преоден период, додека не се обезбеди консензуален број на гласови преку гласање на членките.
Регулаторите на земјите членки подолго време не можат да се договорат за редовен претседавач. Бидејќи не постои консензус за гласање,Бислимовски по втор пат останува да го предводи Бордот.