15 Јануари, 2025
0.4753

Масовна акција за расчистување на критичните точки

Објавено во: Македонија 12 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Членовите на ФБ-групата „Хуманитарна помош за поплавените места во Скопје“ ги повикуваат граѓаните  коишто се физички и здравствено подготвени, на заедничка ударна акција во сабота  за расчистување на теренот на сите критични точки.

„Увидот на теренот покажува дека само така, со организираност, координираност, масовност и голема екипираност ќе можеме да успееме да се расчисти теренот и да се спречат опасностите коишто можат да следат ако тоа не го сториме веднаш. Сега, таму сме најпотребни! Потребно е сите граѓани да започнат да доаѓаат на збирното место „Веро Центар“ („Веро Џамбо“) од 8 часот наутро, по што организирано и координирано ќе се упатуваат на критичните места“- се вели во повикот.

Увидот на теренот покажува дека потребниот број луѓе за расчистување на сите критични точки е многу поголем од оној којшто до местата може да се упати со јавниот превоз или индивидуалните возила.

„Затоа, јавно ги повикуваме сите приватни превозници и туристички агенции од Република Македонија, да се вклучат во оваа акција и сите свои автобуси, минибуси и комбиња, коишто не се користат за редовен превоз на 13 август 2016 година да ги упатат пред „Веро Центарот“ во Скопје (обезбеден паркинг) и да овозможат во текот на целиот ден да превезуваат граѓани до и од критичните точки, до локациите до коишто полицијата дозволува пристапност. Сигурни сме дека ќе ја покажат својата човечност и етичност и ќе ги испратат возилата коишто им се на располагање, бидејќи ниту еден друг ангажман и ниту еден друг личен приротет на приватните превозници, во овие денови, не треба да е поприротетен од помагањето во расчистување на сите критични точки“ - стои во повикот.

Сите приватни превозници коишто го прифаќаат јавниот повик, за повеќе информации и најава, како и сите поголеми групи на граѓани коишто го прифаќаат повикот за учество во оваа масовна и координирана акција, во секое време можат да се обратат на телефонскиот број: 076 456 345.

Сите граѓани коишто поседуваат соодветна опрема неопходно е да дојдат со неа, а за сите граѓани коишто немаат ваква опрема, соопштуваат дека поседуваат опрема којашто ќе им биде дадена пред упатување на терен.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира