Масовна крводарителска акција во „Алкалоид“ по повод Светскиот ден на крводарителството
Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2022 14:01
Со масовен настан за крводарување по повод 14 јуни – Светскиот ден на крводарителството – „Алкалоид“ ја продолжува петдецениската традиција на организирање крводарителски акции со вработените во компанијата.
Под мотото „Дарувај крв, спаси живот“, 130 алкалоидовци изразија волја за крводарување во рамките на колективната акција, која се одржа во Центарот за едукација и за обуки на „Алкалоид“, во соработка со „Црвен крст“ и со Институтот за трансфузиона медицина. Компанијата е особено горда на своите традиционални крводарители, кои во својот животен и работен век реализирале повеќекратни крводарувања.
„Крводарителството е исклучиво доброволна акција, која некому значи живот. Со само една дарувана ќеса крв од 450 мл, постапка која трае десетина минути, може да се спасат 3 до 4 човечки животи. Јас сум крводарител од свои 18 години и имам дарувано над 50-пати“, истакна Роберт Новески, вработен во „Алкалоид“ со реализирани 53 крводарувања.
Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, за време на крводарителската акција упати благодарност до сите генерации алкалоидовци, кои преку овој голем чин на хуманоста оставиле траен придонес во развојот на македонското крводарителство.
На настанот имаше и првократните крводарители од помладата генерација вработени, кои допрва ќе го промовираат ваквиот чин на солидарност во компаниските редови.
„За време на ова мое прво крводарување се чувствувам навистина исполнето. Се одлучив на овој хуман чекор водена од чувството дека ќе помогнам некому“, истакна Елена Казанџиевска, вработена во „Алкалоид“.
Крводарителството е доброволен чин и индивидуален одраз на хуманост и на солидарност. Крводарител може да биде секое лице на возраст од 18 до 65 години со добра општа здравствена состојба. Според критериумите за крводарување, мажите може да даруваат крв на секои 3, а жените на секои 4 месеци. Едно крводарување може да спаси 3 до 4 човечки животи.
Во насока на уште поголема афирмација на доброволното крводарителство и во знак на изразување почит и благодарност спремаголемиот број крводарители од своите редови, компанијата креирашепосебен визуелен идентитет – лого на Друштвото на крводарители.
Со негување на традицијата на компаниски крводарителски акции, „Алкалоид“ ги потврдува својата заложба и посветеностаза унапредување на корпоративната општествена одговорност.
Можеби ќе ве интересира
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“




