10 Мај, 2024
0.0285

Матеј Рунјак од функциите во Заваровалница Триглав поднесе неотповиклива оставка

Објавено во: Мои пари 07 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Матеј Рунјак на местото член и претседател на Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав поднесе неотповиклива оставка на функциите, соопштија од оваа институција.

Како што се вели во соопштението на Заваровалница Триглав на седницата Надзорниот одбор бил запознаен со  неревидираните податоци за работењето на Групацијата Триглав и Заваровалница Триглав за 2015 година.

Исто така, како што се соопштува, врз основа на предлог на Работничкиот совет на Заваровалница Триглав, Надзорниот одбор за член на Управата – работнички директор на Заваровалница Триглав ја именуваше Марица Макотер, сегашен член на Управата – работнички директор со мандат од пет години кој почнува од 22.12.2016 .

Раст на добивката од 4% во 2015 бележи Групација Триглав

Успешно работење во насока на стратешките цели забележа Групација Триглав во 2015 година, со нето добивка која за 4% е повисока од онаа во 2014 4 година и изнесува 88,9 милиони евра.

Позитивните резултати како што соопштија од Групацијата се темелат на профитабилноста и безбедноста во работењето, како и на зачувување на финансиката стабилност.

Неревидираните податоци за 2015 година покажуваат дека бруто полисираната премија од осигурување и соосигурување на Групацијата Триглав се зголемила за 3%, на 919,1 милион евра во споредба со 2014 година.

Подобрување Групацијата бележи во комбиниараниот количник кој за разлика од преклани во 2015 година бил подобар за 3,5% од планираниот.

„Значаен ефект на минатогодишните деловни резултати на Групацијата Триглав,освен превземањето на компанијата Скупина Покојнинска Дружба, имаа и растот на премијата на пазарите надвор од Словенија, отсуството на масовни штетни настани и не многу поволната ситуација на пазарот на капитал.

Деловните резултати подобри од планираното и над резулатите од 2014 година

Групацијата обезбеди 919,1 милион евра бруто полисирана премија од осигурување и соосигурување, што е за 4% повеќе од планираното и за 3% повеќе од минатата година.Премијата на матичното друштво достигна 586,3 милиони евра (за 1% помалку од 2014 година). Бруто исплатените штети на Групацијата (594,8 милиони евра) се за 3% помали од тие во 2014 година, а штетите на матичното друштво (390,6 милиони евра) се за 7% помали. Бруто оперативните трошоци од осигурување на Групацијата останаа на скоро исто ниво како минатата година (231,6 милиони евра), додека трошоците на матичното друштво се за 1% помали (161 милион евра).

Доброто работење во основната осигурителна дејност придонесе кон подобрување на комбинираниот количник на Групацијата и на матичното друштво. Комбинираниот количникна Групацијата Триглав се намали на 92,8% и е за 3,5 процентни поени подобар од планираниот, како и од постигнатата вредност во 2014 година, а за 2 процентни поени подобар од долгорочната просечна целна вредност (95%). Исто така се подобри и комбинираниот количник на матичното друштво, кој што изнесува 86,2%, што е за 8,5 процентни поени подобро од 2014 година.

Деловните резулати се подобри од тие во 2014 и од планираните. Добивката пред оданочување наГрупација Триглавво висина од 102,5 милиони евра е за 2% повисока од минатогодишната. Нето добивката на Групацијата во висина од 88,9 милиони евра е за 4% повисока од таа во 2014 година. Заваровалница Триглав 2015-та година ја заврши со 68,4 милиони евра добивка пред оданочување (19% повисока од таа во 2014 година), како и нето добивка од 58,5 милиони евра, која што е за 28% подобра од 2014 година. Групацијата оствари 12,8% профитабилност на капиталот, а матичното друштво 10,9%.

Пазарен лидер во Словенија и регионот Адриа

Со 36% пазарен уддел,Групацијата Триглав убедливо ја потврди водечката позиција на словенечкиот пазар на осигурување. Покрај матичното друштво, на словенечкиот осигурителен пазар исто така делуваат и Триглав Здравствена Заваровалница и новото зависно друштво, Скупина Покојнинска Дружба.  Во Словенија, во делот на неживотни осигурувања Групацијата Триглав има пазарен удел од 44%, во делот на животни осигурувања 35%, а на пазарот на здравствени осигурувања има удел од 23%.

Групацијата Триглав ја зајакна својата положба на пазарот надвор од Словенија во сите пет држави во кои што е присутна.

Високо ниво на финансиска стабилност

Високиот кредитен рејтинг е една од најзначајните стратешки цели на Групацијата Триглав. Таа цел, компанијата повторно ја достигна во 2015 година. Двете агенции,Standard & Poor’s и A.M. Best ја потврдија оценката за кредитен рејтинг„А-“,потврдувајќи ги финансиската моќ и успешното работење на Групацијата. Оценките се рефлексија на високата профитабилност од работењето, солидната капитална адекватност, соодветно управување со ризици и високиот степен на ликвидност. Standard & Poor’s во 2015 година ја подобри својата среднорочна прогноза од стабилна во позитивна, а агенцијата A.M. Best ја потврди својата досегашна позитивна прогноза.

На виското ниво на финансиска стабилност укажува и зголемувањето на целокупниот капитал за 2% (704 милиони евра), како и бруто технички резерви на Групацијата (2.600,4 милиони евра), зголемени за 11%. Двете категории се гаранција и основ за балансирано работење и за обезбедување на долгорочна безбедност на осигурениците.

Минатата година работата на Групацијата Триглав беше одбележана со добри перформанси, потврден висок кредитен рејтинг и високи исплати на дивиденди на нашите акционери. Значаен настан преставуваше превземањето на Скупина Покојнинска Дружба, а со тоа и јакнењето на нашето присуство на пазарот на пензиски осигурувања во Словенија. Успешно ги завршивме нашите развојни активности за воведување и остварување на барањата произлезени од Солвентност II. Тоа на осигурителниот бизнис во Европската Унија му носи промена во самата култура на работење, со тоа што бара вреднување на влијанието на поедини деловни одлуки врз профилот на ризикот во осигурителната компанија, на нејзиниот капитал и финансика состојба. Ова бара поголем фокус на проактивно управување со сите ризици на кои што е изложена компанијата, а не само на досегашната усогласеност со регулативата. Групацијата Триглав се прилагоди на новите барања и продолжува да обезбедува соодветна капитална адекватност и преку новите методи на калкулација“, изјави Андреј Слапар, претседател на Управата на Заваровалница Триглав.

Можеби ќе ве интересира

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“