Маврово дел од кајакарската тура на словенечкиот олимписки спортист Рок Розман!
Објавено во: Мои пари 22 Март, 2016 11:41
Постојат многу приказни за Балканот, но има една која навистина вреди да се раскажува. Приказната за реките на Балканот. Да! Најскапоцените реки во Европа може да се пронајдат помеѓу Словенија и Албанија. Кристално јасни потоци, диви реки со пространи речни брегови со чакал, спектакуларни водопади и недопрени шуми - реки полни со див живот. Синото срце на Европа чука на Балканскиот Полуостров!
Предводени од словенечкиот олимписки спортист Рок Розман, кајакари од цела Европа ќе ги пробаат своите весла во 16 реки во 6 балкански земји, почнувајќи од Сава во Словенија на 16 април, а завршувајќи со Вјоса во Албанија на 20 мај под слоганот "Да ги зачуваме балканските реки!". На овој начин, кајакарите сакаат да се подигне свеста за убавината на реките и заканите со кои тие се соочуваат. На 4ти и 5ти мај дел од кајакарската тура ќе биде и Националниот парк „Маврово“ во Македонија. Националниот парк "Маврово" во Македонија е еден од најстарите национални паркови во Европа. Тој е познат по неговите брзи, недопрени реки и потоци кои ги снабдуваат со вода пространите букови шуми, а извираат високо во планините каде формираат преубави и значајни високопланински влажни станишта. Овие реки се соединуваат за да ги формираат небесно сините води на реката Радика. Долината на Радика е една од најатрактивните и најживописните кањонски долини во Македонија.
Повеќе информации за настанот и контакт: http://www.balkanriverstour.com/ Leeway Collective: RokRozman rok@leeway-collective.com Riverwatch: Cornelia Wieser cornelia.wieser@riverwatch.eu EuroNatur: Katharina Grund katharina.grund@euronatur.org
Програма „Турнеја по балканските реки“
Турнејата по балканските реки е дел од кампањата Да го зачуваме Синото срце на Европа, координирана од страна на меѓународните невладини организации EuroNatur и Riverwatch. Турнејата е организирана во соработка со EuroNatur, Riverwatch, Leeway Collective и WWF Adria, а поддржана е од Patagonia, Manfred-Hermsen-Stiftung и фондацијата MAVA.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив







