Добивај вести на Viber
Меѓународното училишта НОВА, како еднo од 19-те меѓународни училишта од централна и источна Европа членки на CEESA (Central & Eastern European Schools Association), на своите ученици им овозможуваат учество на меѓународни спортски натпревари во повеќе спортови како фудбал, кошарка, одбојка, пливање, тенис и софтбол.
Овогодинешниот меѓународен фудбалски турнир CEESA за средношколци (6 до 8 ноември), започна денеска во Скопје, организиран од страна на училиштето НОВА. На турнирот покрај тимот на НОВА учествуваат и тимови од Меѓународното училиште од Белград, Србија (ISB - International School of Belgrade), Меѓународното училиште од Рига, Латвија (ISL - International School of Latvia), Англо - Американското училиште од Софија, Бугарија (AAS - Anglo-American School of Sofia), Печерск меѓународното училиште од Киев, Украина (PSI - Pechersk School International, Kiev) и Meѓународното училиште од Хелсинки, Финска (ISH - International School of Helsinki).
Сите натпревари од тунирот ќе се играат на терените со вештачка трева во центарот на ФФМ (Фудбалската Федерација на Македонија) во населбата Аеродром во периодот од 8:30 до 16:30 часот. По завршувањето на натпреварите по лига систем (секој со секој), во сабота на 8 ноември ќе се играат завршните натпревари за освојување на 5-то, 3-то и 1-во место. За најдобрите тимови следуваат пехари и медали.
На самиот турнир фер плејот се цени исто толку, колку што се цени и умешноста и посветеноста во самата игра. Поради таа причина најголемиот трофеј се доделува на екипата која според гласовите на играчите и тренерите од другите тимови демонстрирала нај фер-плеј однесување и најпозитивен однос кон самата игра, кон другите тимови, кон судиите и гледачите. Ова е навистина престижен трофеј кој секоја екипа го посакува во своите витрини.
На крајот на турнирот исто така се прогласува и All Star Team кој го сочинуваат најдобрите играчи од сите тим. Влезот на турнирот е бесплатен.