Меѓународен семинар: „Соработка и добро раководење на бегалската криза во Западен Балкан и Централно-европските земји“
Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2016 11:23
По повод 20 јуни, Светскиот ден на бегалците, Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) организира дводневен меѓународен семинар „Соработка и добро раководење на бегалската криза во Западен Балкан и Централно-европските земји“ во Скопје, на 20 и 21 јуни 2016 година.
Дводневниот меѓународен семинар е посветен на раководење со бегалската криза, соработка на локално, национално и регионално ниво како и размена на добри практики и поттикнување на меѓукултурна толеранција. На семинарот ќе учествуваат преку 70 учесници од 11 земји: претставници на општини, граѓански организации, институции задолжени за прием и регистрација на мигранти од Западен Балкан и Централна Европа.
На отворањето свое излагање ќе имаат Ширет Елези, Министер за локална самоуправа, Антонела Валморбида, Генерален секретар на АЛДА, Уго Поли одговорен на тема „миграции“ во Централно-Европската иницијатива (ЦЕИ) и Себастијан Ботро-Бонтер, Аташе за соработка на Француска амбасада.
„Бегалската криза која го зафати светот во 2015 година не остави никого рамнодушен. Справувањето со бегалскиот бран беше предизвик и за транзит-земјите и за земјите кои ги примија овие мигранти. Сите имаме колективна одговорност за оваа ситуација: не само државите туку и локалните власти и граѓанските организации.
Потребна е поголема соработка помеѓу сите засегнати страни за подобро справување со ова важно прашање“ истакна Ивана Димитровска, директорка на АЛДА Скопје. Овој дводневен семинар е дел од проектот „WELCOMING – Поттикнување соработка за раководење со миграциите на европско ниво“.
Проектот е поддржан од Централно- европската иницијатива (ЦЕИ), Европска Унија, програмата за децентрализирана соработка помеѓу Нормандија и Македонија и Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен. Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) е европска мрежа од 180 членки (локални власти и граѓански организации) од 30 земји од ЕУ, Балканот, Кавказот и Медитеранот. АЛДА има Подружница во Скопје од 2011 година.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




