16 Декември, 2025
0.0368

МИ-ДА ГРАНД МОТОРС СО НОВА КАМПАЊА: „Најдобрите бонуси не доаѓаат во плико“

Објавено во: Мои пари 13 Јуни, 2016 10:59

Добивај вести на Viber

Македонската компанија Ми-Да Гранд Моторс ја почна кампањата „Најдобрите бонуси не доаѓаат во плико“, со која обезбедуваат 15% попуст за секое купено Ford Mondeo.

Овој автомобил е прогласен за Автомобил на годината за 2015 година бидејќи е направен по врвни стандарди, опремен е со најсовремени технологии и системи, има одличен внатрешен и надворешен дизајн. Станува збор за совршен спој на технологија и изработка, прецизен инженеринг и одлични перформанси.

„Ford Mondeo беше прогласен за возило на годината лани, при што се продадоа задоволителен број на нови Mondeo автомобили. Ние сакаме нашите граѓани да уживаат во удобностите што ги нуди овој автомобил со врвни перформанси. Затоа, одлучивме да направиме кампања и да дадеме одличен попуст за секој што ќе купи возило од нашиот салон“, објаснува Предраг Николовски, маркетинг менаџер во компанијата.

Novoto Ford Mondeo

Возилото, вели Николовски, располага со врвна технологија и системи кои не дозволуваат да дојде до судар или до повреда на патниците.

„Системот за помош пред удар со детекција на пешаци може да открие луѓе на или близу до патеката или луѓе кои би ја пресекле патеката на движење. Тогаш, возачот добива визуелно и звучно предупредување. Значи, доколку системот открие потенцијален судир, автоматски, ги активира сопирачките доколку тоа не го стори возачот. Ова го прави, на тој начин, што собира информации од камерата поставена на ветробранското стакло и радарот на предниот одбојник“, објаснува Николовски.

Ford Mondeo нуди дополнителна заштита за патниците во автомобилот преку уникатни безбедносни ремени и вградени воздушни перничиња. При судар, ремените се дуваат и ја распределуваат силата на ударот на површина пет пати поголема од конвенционалните безбедносни ремени. Оваа иновативна технологии ги намалува шансите за повреда.

Новото Ford Mondeo е опремено со Адаптивни предни LED светла кои се насочуваат во патеката на движење за подобра прегледност.

Ова возило, исто така, нуди активна помош при паркирање. Помага да се паркирате без проблем, но и да излезете од паркинг местото без да „настрада“ друго паркирано возило. Програмата за асистенција мери дали на одредено паркинг место може да го собере вашиот автомобил или сам го паркира во рикверц.

Купувачите може да изберат возило кое веќе е во салонот на Ми-Да Гранд Моторс и веднаш може да се дистрибуира. Сите модели на Ford Mondeo се достапни за тест возење. Оваа кампања важи  само за возилата на залиха.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив