28 Мај, 2024
0.0291

Мицкоски до Хан: Ништо не се случува од реформите во судството

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Во рамките на посетата на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во Брисел, лидерот на партијата Христијан Мицкоски оствари средба со еврокомесарот Јоханес Хан.

На средбата станало збор за интегрирањето на Република Македонија во рамките на Европската Унија.

„Говоревме за реформите и реформските процеси кои што би требале да се случат во Република Македонија но, за жал нивното случување заостанува. Сето тоа некако претставува една добро слово на хартија, а имплементацијата не можеме да ја почуствуваме и не се случува. Злоупотребата на моќта од страна на Владата предводена од СДСМ, лошите економски потези, лошите реформи во економијата, уназадувањето на економијата. Исто така гледаме дека ништо не се случува од аспект на реформите во судството и судскиот систем. Со еден збор кажано асолутно го понудивме сиот наш човечки и административен потенцијал како ВМРО-ДПМНЕ за да можеме да допринесеме и да дадеме вредност на она што се вели што е можна побрза интеграција на Република Македонија во рамките на Европската Унија. Секако станува збор и за долгогодишниот спор за името којшто го има нашата држава со соседна Република Грција. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со Хан разговарал и за лидерската средба која неодамна се одржа во поглед на усогласување на ставовите за преговорите за името со Грција под медијаторство на Нимиц. 

„На самиот состанок како што рековме, за нас беше од информативен карактер, конечно дознавме за што станува збор. Го видовме предлогот кој што господинот Нимиц го има доставено до преговарачите, кој што повеќе или помалку и е познат на јавноста. Но исто така потенциравме дека остануваме на патеката за што е можно побрзо интегрирање на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО“, истакна Мицкоски по средбата.


Можеби ќе ве интересира

БЕНДЕВСКА: Преговорите помеѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во финална фаза

БЕНДЕВСКА: Преговорите помеѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во финална фаза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Силјановска Давкова вели дека Преспанскиот договор е реалност и ќе го почитува

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Силјановска Давкова вели дека Преспанскиот договор е реалност и ќе го почитува

ЗАКАЖАНО ЗА 30 ЈУНИ: Ќе има непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ

ЗАКАЖАНО ЗА 30 ЈУНИ: Ќе има непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ

ГОРАН КАЛОЃЕРА: Барам на мене и на мојата сопруга да ни се додели македонско државјанство

ГОРАН КАЛОЃЕРА: Барам на мене и на мојата сопруга да ни се додели македонско државјанство

УКРАИНА СРУШИ РЕКОРД: Дрон леташе до градот Орск длабоко во Русија

УКРАИНА СРУШИ РЕКОРД: Дрон леташе до градот Орск длабоко во Русија

„ТО ВИМА“: Стејт департментот на САД подготвил писмо со честитки за Силјановска Давкова, но тоа не било објавено

„ТО ВИМА“: Стејт департментот на САД подготвил писмо со честитки за Силјановска Давкова, но тоа не било објавено

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас го почитував Преспанскиот договор и сега го почитувам

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас го почитував Преспанскиот договор и сега го почитувам

ЌЕ СЕ ОДРЖИ КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА: Гаши дефинитивно предлог за собраниски спикер

ЌЕ СЕ ОДРЖИ КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА: Гаши дефинитивно предлог за собраниски спикер

ДЕМИРИ: Вие сте се фатиле околу Бесија Иљази, таа не ги вработила тие 18 лица

ДЕМИРИ: Вие сте се фатиле околу Бесија Иљази, таа не ги вработила тие 18 лица