Мицкоски е инфициран со коронавирусот и нема да оди во посета на Општина Маврово и Ростуше
Објавено во: Македонија 16 Август, 2022 15:36
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е заразен со коронавирус и ја откажува денешната посета на Општина Маврово и Ростуше, информираа од партијата.
Тој развил симптоми на ковид-19, по што направил брз антигенски тест, кој покажал позитивен резултат. Од партијата додаваат дека во текот на денот Мицкоски ќе направи и дополнителен ПЦР-тест. Мицкоски во изминатиов период имаше зголемени активности поради дополнителните избори за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа, како и за членови на Советот на Општина Тетово, кои треба да се одржат на 20 август. Тој е вакциниран и претходно ја прележа болеста, а беше и на лекување на Инфективната клиника.
Претходните три дена во земјава имаше 889 заразени.
фото Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал




