26 Октомври, 2024
0.0264

МИЦКОСКИ: Ако Преспaнскиот договор беше „ремек-дело“ на европската дипломатија, зошто не го повториме за вештачкиот спор со Бугарија

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски предложи да се примени формулата од Преспанскиот договор за одложено дејство и со уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот. 

Ова го кажа во неговиот говор на 20. Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите.

Тој додаде дека дури и да се внесат Бугарите во Уставот, никој не гарантира дека тоа ќе биде последен услов за исполнување на некоја обврска и дека за шест месеци од сега нема да се бара нешто дополнително.

„Ние како Влада сме посветени на изнаоѓање на решение и активен дијалог. Едно од решенијата секако е да се примени формулата веќе применета во Преспанскиот договор за одложено дејство, поточно во моментите кога ќе влеземе во Европската Унија, тогаш тие одлуки во Уставот да станат активни, што секако претставува заштитен механизам од подоцнежни условувања“, рече Мицкоски.

На крајот од говорот, Мицкоски кажа дека ако Преспанскиот договор беше ремек-дело, тогаш зошто не се реплицира и за решавање на спорот со Бугарија.

„Секогаш се обидувам да зборувам со одреден јазик што може да биде разбран северно од Виена. Ве молам, немој погрешно да ме разберете. Што значи дека ако Преспанскиот договор беше ремек-дело на европската дипломатија, нешто што е, да речеме, брилијантно, зошто тогаш не го повториме ова ремек-дело за изнаоѓање конечно решение, трајно, одржливо решение, што ќе обезбеди решение за овој вештачки спор“, кажа Мицкоски.

Македонија со Договорот од Преспа го реши спорот за името и потоа влезе во НАТО. 

фото фејсбук/Христијан Мицкоски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЗЕЛС ќе посредува за надминување на конфликтот со градоначалниците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЗЕЛС ќе посредува за надминување на конфликтот со градоначалниците

И ЕПИДЕМИОЛОГОТ ДАНИЛОВСКИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ ГРИПОТ: „Се вакцинирав како припадник на генерацијата 65+„

И ЕПИДЕМИОЛОГОТ ДАНИЛОВСКИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ ГРИПОТ: „Се вакцинирав како припадник на генерацијата 65+„

ВМРО-НП: Уште еднаш бевме сведоци на невидено понижување на една држава која си ја прославува окупацијата

ВМРО-НП: Уште еднаш бевме сведоци на невидено понижување на една држава која си ја прославува окупацијата

ФИЛКОВ: Време е за освежување во Комисијата за помилување

ФИЛКОВ: Време е за освежување во Комисијата за помилување

ЗАЈАС: Кучиња-скитници убиле 21 домашно животно

ЗАЈАС: Кучиња-скитници убиле 21 домашно животно

„ЗЕЛС Е ОБИЧЕН ПАРТИСКИ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ“: Јакимовски вели „нема никаква врска со развојот на локалната самоуправа“

„ЗЕЛС Е ОБИЧЕН ПАРТИСКИ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ“: Јакимовски вели „нема никаква врска со развојот на локалната самоуправа“

Обвинение против Национален парк Пелистер и директорот, исечени и продадени 109 дрвја без дозвола

Обвинение против Национален парк Пелистер и директорот, исечени и продадени 109 дрвја без дозвола

КРИСТАЛНО ЈАСНА Е ПОРАКАТА, ВИЕ СТЕ СЕ ЗАЛОЖИЛЕ ДА ГО СМЕНИТЕ УСТАВОТ: Ванковска кажа кој е приоритетот на ЕУ, а тоа не е Македонија

КРИСТАЛНО ЈАСНА Е ПОРАКАТА, ВИЕ СТЕ СЕ ЗАЛОЖИЛЕ ДА ГО СМЕНИТЕ УСТАВОТ: Ванковска кажа кој е приоритетот на ЕУ, а тоа не е Македонија

Град Скопје: Донираните автобуси „Соларис“ се за цела Македонија, Орце Ѓорѓиевски е недоветен

Град Скопје: Донираните автобуси „Соларис“ се за цела Македонија, Орце Ѓорѓиевски е недоветен