„Во една прилика соопштив дека во Македонија се случува колективен грабеж полош од транзицијата, последиците од неработењето и погрешните политики ќе се чувствуваат долго потоа. Тоа го кажав врз основа на прецизни информации кои до нас доаѓаат на дневна основа. Врвот на тоа криминално стебло доаѓа до самата врхушка на власт. Денес ќе објавам нов случај каде постои сериозен сомнеж за криминал кој се одвива на дневна основа. Велеа дека ќе се борат за живот за сите, една година подоцна, животот за обичниот граѓанин никако да дојде, но затоа картелот на власт енормно се богати, а единствено што оди напред е криминалот. И кога ќе Ви велат дека за Македонија се работи, всушност се гледа дека се работи за пари, ништо повеќе и ништо помалку од тоа. Следете ме денес во 16 часот...“, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.
Мицкоски во 16 часот ќе објавува корупциска афера
Објавено во: Македонија 30 Април, 2018 14:27
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека ќе објави криминална афера на власта за која на дневна основа до опозицијата пристигнувале информации. Тоа го напиша на својот Фејсбук-профил и најави дека ќе објави во 16.00 часот.
Можеби ќе ве интересира
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал




