„Microsoft Lumia 430 Dual SIM“ ќе чини само 70 долари
Објавено во: Мои пари 19 Март, 2015 21:35
Пред неколку недели „Microsoft“ ги претстави во Барселона буџетските модели „Lumia 640 и 640 XL“, но компанијата има уште поевтини предлози за луѓето со ограничен буџет, кои ќе купат својот прв смартфон.
Досега за нив беа моделите со „Android“ од серијата „Nokia X“, но „Microsoft“ сака да ги замени со мобилни телефони со „Windows Phone“ и токму новиот „Lumia 430 Dual SIM “е токму таков.
Уредот користи „Windows Phone 8.1“ и ќе добие надградба до „Windows 10“ подоцна во текот на годината.
Во хардверски поглед ситуацијата е интересна. Телефонот има 4 WVGA (800 x 480, 15: 9) екран со пикселна густина 235 PPI и се потпира на dual-core процесор „Snapdragon 200“ со фреквенција 1.2 GHz, кој е дополнет од 1 GB RAM меморија.
Вградената меморија е 8GB и може да биде зголемена преку картичка, а батеријата е со капацитет од 1500 mAh. „Lumia 430 Dual SIM“ има и две камери со резолуција 2МР (со фиксен фокус) и 0,3МР.
Цената на телефонот се очекува да биде околу 70 долари без субвенции и такси, а почетокот на продажбата ќе биде во април.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




