МИГРАНТ ОД СИРИЈА СО ОСИП НА КОЖАТА Е ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Д-р. Капсаров подетално за состојбата на пациентот суспектен на мајмунски сипаници
Објавено во: Македонија 11 Август, 2022 14:16
Млад мигрант од
Сирија од вчера е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести бидејќи е
суспектен на мајмунските сипаници. Во изјава за Фактор, д-р Коста Капсаров вели
дека тој е во добра општа состојба и дека е задржан за подетални испитувања и
се очекуваат резултатите од тестот кои би потврдиле евентуална зараза со овој
вид сипаници.
-Пациентот е донесен во Клиниката за инфективни болести од Кавадарци со возило на Итната медицинска помош. Бил болен 9 дена, суспектен е на сипаниците бидејќи има осип на кожата. Станува збор за млад човек, мигрант од Сирија кој на нашата клиника е задржан за да се направат сите потребни иследувања. Напрацаен е и тест за мајмунски сипаници и ги очекуваме резултатите, вели за Фактор д-р Капсаров од Клиниката за инфективни болести.
Инаку, ова е втор суспектен случај на мајмунски сипаници во Македонија. Првиот е 43 годишен човек од Кичево, за кој се уште нема информации во врска со анализите и евентуално дали има конкретен резултат кој би потврдил евентуална зарзаза со овие сипаници..
А.Б.
Можеби ќе ве интересира
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“




