04 Мај, 2024
0.0288

Милошоски бара ВМРО-ДПМНЕ да ја распушти коалицијата „За подобра Македонија“

Објавено во: Македонија 05 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Ексминистерот за надворешни работи Антонио Милошоски бара ВМРО-ДПМНЕ да ја преиспита (не)ефикасноста на коалицијата “За подобра Македонија”.и ако треба истата да ја распушти, откако одредени пратеници и дадоа подршка на Вадата со изгласување на закони во Собранието.

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите 2016та донесе одлука за заеднички настап со 23 политички партии во предизборната коалиција “За подобра Македонија”.

“Истото беше потврдено и пред локалните избори 2017та. Овие партиски одлуки сеуште се на сила, но во реалноста коалицијата “За подобра Македонија” е далеку од сплотеноста и ефикасноста за која беше создадена како заеднички повеќепартиски проект. Но ВМРО-ДПМНЕ мора да ја преиспита функционалноста на коалицијата како предуслов за утврдување на сопствениот партиски коалиционен капацитет.
Добар број од коалициони партнери, како што се Сојузот на Ромите, ГРОМ, Демократската партија на Турците и други, добија многу повластици, логистичка поддршка и битни позиции во изминатите 10 години, најчесто на сметка на ВМРО-ДПМНЕ како водечка партија, но истите денес не возвраќаат со нивната основна обврска за опозициска солидарност и заедничко делување согласно принципите на коалицијата”, вели Милошоски.

Според него недефинирана е и поставеноста на Социјалистичката партија, додека пак Титовите леви сили, освен за подбив, тешко се корисни за друга улога.

“Демократската партија на Србите во последно време е радо виден гостин во Москва, но дали тоа е во склад со определбите на ВМРО-ДПМНЕ е тема за сериозна размисла од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Сите овие партии имаат свои пратеници, советници или други раководни позиции на различни нивоа, со или без кои значително се менуваат ресурсите за опозициони политичко делување на ВМРО-ДПМНЕ”, пишува ексминистерот.

“И на крај моето скромно мислење, поздраво за ВМРО-ДПМНЕ ќе биде прво да се распушти коалицијата “За подобра Македонија” и да се почне од ново, или истата драстично да се редуцира. И второ, ВМРО ДПМНЕ треба да ја поддржи идејата за една изборна единици и на тој начин како носечка партија да се ослободи од нужноста да влече во коалицијата партии кои не се релевантни, а преку поголемите партии стануваат некои фактори во Собранието или во советите. Со една изборна единица нема да има голема потреба од предизборни коалиции, секоја партија ќе може да се измери колку и тежи довербата, а потоа во Собрание да се коалицира на основа на програми и интереси, наместо после избори да се менуваат коалициски дресови и на тој начин да се изигрува вољата на гласачите”, смета Милошоски.


Можеби ќе ве интересира

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска