Добивај вести на Viber
Група граѓани и денеска во 18 часот повторно излезе на мирен протест во голем број.
Протестот повторно како целно место за протестирање ја имаше зградата на Владата, но поради полициската блокада и кордони, демонстрантите се упатија кон Законодавниот дом.
Tие повикуваа „Оставка„, „Готови сте, одете си“, „Обединети во разликите“, „Нема правда, нема мир“, „Долу диктатурата“ а протестираат веќе една недела против полициска бруталност, откако опозициската СДСМ објави аудио снимки на кои како што тврдат се слушаат прикривања за убиството на Мартин Нешковски.
Луѓето кои протестираат пред влада имаат три барања: итна оставка и преземање одговорност на целата Влада, итно ослободување на сите активисти притворени од 5 мај наваму и формирање на Влада за демократизација на институциите.
Тие уште на почетокот најавија дека ќе има протести секој ден во исто време, со исклучок на изминативе два дена поради случувањата во Кумановско.