16 Декември, 2025
0.0387

Мирисот на сoништата – подарок од AVON за жените за 8 март

Објавено во: Мои пари 09 Март, 2016 13:29

Добивај вести на Viber

Со цел да ги изненади припадничките на понежниот пол, козметичката компанија AVON го избра Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март како идеална пригода да претстави два нови прекрасни производи. Парфемот Dreams е нежна мешавина од водна слива, роза и интензивни дрвја, a со маскарата Big & Multiplied Volume трепките оптички се мултиплицираат и добиваат интензивен волумен. Новите производи веќе им се достапни на домашните вљубеници во квалитетната шминка и во свежите и заводливи мириси.

Dreams 1

При изработката на новиот парфем Dreams, главната мисла водилка на светски познатите и наградувани парфумисти на AVON била да се долови невиноста и убавината на детските соништа, но и чувството дека сè е возможно.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/0Gfc2nvbSuQ[/embed]

Сето тоа е ‘спакувано’ во комбинацијата на водна слива, роза и интензивни дрвја, а пораката која стои зад овој нов производ е „Сè е возможно со Avon Dreams.

Dreams

- На 8-ми Март, сакаме да им порачаме на сите жени никогаш да не престанат да сонуваат.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/mRSnFOusfgY[/embed]

Да се сетат на чувството на бескраен сон во младоста, на невиноста и оптимизмот. Сега е време да се обноват тие длабоки чувства, да се сетите на заборавените соништа и да ги остварите – истакнуваат од AVON.

И познатата холивудска дива Одри Хепберн вели дека убавината на една жена е во нејзините очи, а козметичката компанија создаде производ кој ќе им помогне на жените да имаат заводлив поглед. Маскарата Big & Multiplied Volume е дизајнирана со цел да не се создаваат згрутчувања, без размачкување.

“Најлесниот начин да добиете драматично впечатливи трепки е да нанесете од маскарата Big & Multiplied и да добиете инстантен волумен. Водоотпорната формула ги дефинира и одвојува трепките, без грутки и размачкување - за најгламурозен изглед на трепките досега,” вели глобалната AVON мејкап артистка Лорен Андерсен.

Big & Multiplied Volume

- Маскарата е направена со помош на нова револуционерна Smart SLIP технологија, која ја одвојува и ја зголемува секоја трепка. Воедно, соодветна е и за луѓе со особено чувствителни очи  – посочуваат креаторите на Big & Multiplied Volume.

Неодамна, AVON својата носечка идеологија ја наслови „Убавина со цел“, мото кое комплетно ја раскажува приказната за компанијата која покрај тоа што создава производи за убавина, се грижи и за благосостојбата на жените и поттикнувањето на нивната лична независност и самостојност.

Big & Multiplied Volume 1

По тој повод, на социјалните мрежи беше организиран и креативен предизвик, на кој жени од Македонија преку специјално дизајнирана апликација и под знакот #УбавинаСоЦел креираа персонализирани постери со свои лични пораки за повисоките цели на убавината. Пристигнаа голем број пораки, а жирито составено од Зоналните менаџери на Avon Македонија ја одбраа најдобрата – „Убавината е во малите нешта. Таа е постоење и чувство на безусловна среќа!“. Авторка е студентката на Економски факултет, Росана Митевска која е и AVON Претставничка.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/yJMfCbEOmSU[/embed]

Компанијата посочува дека и во иднина ќе продолжи со активности со фокус на жените како нивна најголема инспирација. Неизоставен ден од работата се и континуираните заложби и кампањи на компанијата, поврзани со борбата против ракот на дојка и против семејното насилство.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив