МОМЧИЊАТА УЧЕСТВУВААТ ВО ТЕПАЧКИ, ДЕВОЈЧИЊАТА „ХЕЈТААТ“ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Загрижувачки податоци за менталното здравје на тинејџерите
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2023
Загрижувачки е трендот на опаѓање на менталното здравје кај девојчињата во тинејџерска возраст во Македонија,
покажува студијата „Однесување поврзано со здравјето кај деца на
училишна возраст (ХБСЦ)“. Според
податоците од одва истражување, слично со широко застапениот тренд низ
Европа и Централна Азија и
кај нас, со возраста расте преваленцијата на нарушувања на менталното здравје
на младите од 11 до 15 години, со најголем пораст кај девојчињата на 15 години.
Споредено со просекот од 28% од 15-годишните девојчиња кои изразуваат чувства на осаменост, во земјава таа бројка е 31%. Секое трето девојче на 15 години во Македонија изјавува дека е осамено, а секое второ девојче на истата возраст чувствува дека во изминатите 12 месеци се чувствувала толку тажно и безнадежно, речиси секој ден, во текот на две или повеќе недели, што прекинала да ги прави вообичаените активности.
„Наодите се алармантни. Дури 57% од девојчињата на 15 години во нашата земја пријавиле чести нерасположенија речиси секојдневно во последните шест месеци. Од психосоматски тегоби како: болки во стомакот, главоболки, вознемиреност, раздразливост, проблеми со спиењето и концентрацијата, истовремено, повеќе пати неделно во последните шест месеци страдаат 6 од 10 девојчиња на 15 години, велат од ХБСЦ.
Во поглед на ризичните однесувања на младите, типични за адолесцентниот период, како што се пиењето, пушењето цигари, тепачките и проблематичното користење на социјалните медиуми, се забележува растечки тренд со возраста. Меѓуродовите разлики се видливи во различните стратегии на момчињата и девојчињата за справување со притисоците - повеќе момчињата учествуваат во тепачки, а пак девојчињата повеќе се ангажираат во проблематично користење на социјалните медиуми.
За овие наоди, Лина Ќостарова Унковска, лидер на студијата за Македонија вели дека ваквите податоци икажуваат на итна потреба од преземање низа сериозни мерки.
„Сите овие нееднаквости зборуваат за силното влијание на условите во кои живеат нашите млади, вклучувајќи ја и културата со традиционалните родови норми и улоги, кои ги профилираат погледите и креираат неавтентични иденититети од нашите девојчиња и момчиња, кои потоа многу тешко се реализираат, со далекусежни последици по нивниот развој и добросостојба. Речиси секое второ момче во Македонија застапува родово дискриминирачки ставови, наспроти секое десетто девојче (во просек), што зборува не само за јазот, туку и за длабокиот внатрешен конфликт кај македонското девојче, а потоа и кај момчето, кои тешко можат да одговорат на очекувањата...Ова е повик за преземање акција – да разбереме подлабоко, да делуваме побрзо и да дадеме поголема поддршка на децата, такви какви што се, без да ги менуваме и обликуаме по нечија мерка“.
Ранливоста расте со возраста, наспроти поддршката од семејстово, родителите и наставниците, која опаѓа токму кон повозрасните, особено кон девојчињата кон кои е најниска, токму кога им е најпотребна.
Студијата ХБСЦ открива и многу други скриени групи ранливи деца, како што се децата со хронични болести, со поинаков родов и сексуален идентитет, децата и младите засегнати од малтретирање, сајбер малтретирање, емоционално и сексуално злоставување.
Анита Буховски
ФОТО: Unsplash: Kyle Broad* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.