Мотоциклистот во кома, познат возачот на „БМВ“ кој го прегази
Објавено во: Македонија 27 Јули, 2016
Како што соопштивме, синоќа 30 минути по полноќ се случила сообраќајка во Кисела Вода помеѓу ПМВ „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(43) од Скопје и моторцикл Хонда ЦБР без регистарски ознаки, управуван од С.А. (22) од Скопје.
НОВА Тв дојде до записникот во кој е регистрирано дека шпекулациите на медиумите дека возачот кој го прегази мотоциклистот е поранешниот телохранител на екс премиерот Дејан Митровски – Урко.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на моторциклот, кој со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Градска општа болница „Наум Охридски“. Истиот е неконтактибилен и се наоѓа во животна опасност, односно се наоѓа во кома.
Во несреќата е повреден Стојанчо Андонов, роден 1994 година, чиј мотоцикл, марка „хонда цбр 900“, без регистарски ознаки, како што стои во записникот, излегол десно од коловозот и преминувајќи го тротоарот удрил во прозорско стакло и во алуминиумски рам од месарницата „Солета“, а возачот со телото удрил во билборд поставен на тротоарот.
„На 27 јули 2016 година, во 00.40 часот во Скопје, на булевар Борис Трајковски, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д. (43) од Скопје и мотоцикл „хонда цбр“ без регистарски ознаки, управуван од С.А. (22) од Скопје. Во незгодата, тешки телесни повреди добил возачот на мотоциклот, кој со возило на итна медицинска помош бил префрлен во Градска општа болница „Наум Охридски“. Истиот е неконтактибилен и се наоѓа во животна опасност. Увид извршила екипа на СВР Скопје“, стои во белешката за случајот во денешниот билтен на МВР.
Урко беше разрешен од обезбедувањето на Груевски во септември 2014 година, а причините не беа официјално соопштени.