Мухамед Зекири: Ме следат и се во целосна параноја
Објавено во: Македонија 18 Септември, 2016
Екс новинарот Мухамед Зекири се огласи на Фејсбук по бројните написи на медиумите дека присуствувал во Косово со цел да ангажира криминалци кои би правеле инциденти на престојните избори.
„Обидите на режимските портали на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ за моја дискредитација и фактот што сум следен во чекор и ме фотографираат каде и да се движам покажуваат само во каква паника и параноја се политичките противници, одговори Мухамед Зекири, новиот член на Централниот одбор на СДСМ.
Зекири се најде на мета откако направи транфер во политиката и главните напади се дека тој ќе му помогне на Заев да привлече албански гласачи со радикални и националистички ставови.