17 Декември, 2025
0.0751

Музичката ѕвезда Влатко Стефановски е новиот бренд-амбасадор на Шпаркасе Банка

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2022 13:48

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка со гордост го најавува започнувањето на соработката со Влатко Стефановски, еден од омилените музичари на македонската и на балканската публика. Во рамките  на своите заложби за општествена одговорност и иновативно претприемништво, банката планира соработката со Стефановски да биде насочена кон поддршка на младите луѓе и целокупната уметничка сцена во државава. Оваа соработка е составен дел од пошироката регионална кампања „Верувај во себе“ што ја спроведуваат членките на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе.

„Предводени од нашиот корпоративен слоган ‘Верувај во себе’, ние цврсто веруваме дека за постигнување успех, клучно е да верувате во себе, во своите квалитети и моќта да ги менувате работите. Веруваме во храбри и посветени луѓе, кои целат кон повисоки вредности и ги поместуваат границите, па токму затоа го одбравме Влатко Стефановски за наш бренд-амбасадор.

Тој за нас е синоним за личност со воодушевувачки талент и квалитет, посветен професионалец и музичар што отсекогаш верувал во себе и во својот сон. Сметаме дека токму Влатко идеално ќе ја пренесе нашата силна порака кон младите луѓе да веруваат во себе, во своите креативни способности и потенцијали, постојано да се надоградуваат и да учествуваат во значајни проекти за македонската уметност и култура.

Банката и натаму останува силно посветена на  визијата да биде водечка банка по квалитетот на услуга, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените, но истовремено продолжуваме да инвестираме во заедницата, во културата и во иновативните идеи што го движат бизнисот напред. Веруваме во нашите клиенти и во потенцијалот на нивните идеи“,изјави Санел Кустурица, претседател на Управниот Oдбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

„За презентирање на сопствените идеи, потребни се умешност и храброст. Нема лесни победи, упорноста и вербата во себе се клучни. Во оваа пригода би сакал да изразам благодарност до тимот на Шпаркасе Банка за укажаната доверба, драго ми е што во мене препознале талент, истрајност и успех. Пред нас стојат многу концерти и проекти, и верувам дека заеднички ќе уживаме во нивната реализација. Се надевам на успешна соработка на обострано задоволство“, изјави Влатко Стефановски, новиот бренд-амбасадор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

Со соработката со Влатко Стефановски, Шпаркасе Банка го означува почетокот на пошироката кампања „Верувај во себе“ и настаните што подоцна ќе следуваат во рамките на платформата „Шпаркасе Life“, чија цел е поддршка на иновативни проекти, поединци и групи што ја движат заедницата напред и активности поврзани со екологијата, образованието, спортот, здравството, како и ранливите и маргинализираните групи.

Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Lизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“