МВР: Граѓаните да ја користат обиколницата, а не да минуваат низ Сингелиќ
Објавено во: Македонија 10 Август, 2016
Од Министерството за внатрешни работи апелираат жителите на Арачиново, Стајковци и Црешево да ja почитуваат поставената сообраќајна сингализација и наредбите од полициските службеници.
Aко патуваат кон Скопје, да ја користат обиколницата, а не да минуваат низ Сингелиќ.
Воведен е нов режим на сообраќај за да се обезбеди непречена работа на механизацијата и непреченa достава на храна, вода и лекови.
Овој режим на сообраќај ќе важи се до надминување на кризната состојба предизвикана од невремето.
Скопската обиколница од синоќа е пуштена за сообраќај во двата правци. На оштетените делови од коловозот се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.