МВР: Не е пријавен случај на спасени мајка и ќерка во Сингелиќ
Објавено во: Македонија 11 Август, 2016
Од полицијата информираат дека до нив не е пријавен случај на спасени мајка и ќерка во Сингелиќ.
Во соопштението стои дека до скопската полиција не е пријавен случајот, за кој јавија дел од медиумите и социјалните мрежи, дека еден човек спасил жена и дете кои четири дена биле заглавени во кал во село Сингелиќ.
Според медиумите, тој успеал да ги спаси и да ги пренесе во болница жената и девојчето, а тие најверојатно биле од Албанија. Медиумите пренесоа дека идентитетот на жената не е познат. Од МВР велат дека тие ги контактирале сите градски болници, Клиничкиот центар и Брзата помош во Скопје, но дека вакви лица не се пријавени.